Доколку сте еден од многуте редовни корисници на Google, односно Google Search, ќе забележите дека страната на која се прикажуваат резултатите има делумно нов дизајн. Промените се направени на горната лента, односно на полето за пребарување.

Ова поле сега има нов, заоблен изглед, односно неговите страни, ќошеви, сега се заоблени, наместо прави агли како досега. Ова е во правец на најновиот Material Design којшто од компанијата го користат на нивните апликации и Android, па сигурно го имате забележано на повеќе места.

Покрај оваа промена, полето за пребарување, односно горната лента ќе останат видливи и по листањето на резултатите од пребарување. Со други зборови, лентата за пребарување станува “sticky”, што значително ќе го подобри корисничкото искуство со тоа што корисниците веќе нема да мораат да се враќаат на почетокот од страната доколку сакаат да направат ново пребарување.

Доколку новите промени се’ уште не ги гледате кај вас, ќе мора да почекате уште некој ден или недела, а промените како и секогаш може да бидат пуштани постепено.

Исто така, промените се однесуваат само на десктоп верзијата од страната, па мобилната верзија изгледа ќе почека уште одреден период, но затоа Google апликацијата на мобилните го има најновиот дизајн.

ИЗВОРSearch Engine Land
Претходна статијаУредот со екран на преклопување од Microsoft сепак ќе биде таблет/лаптоп наместо смартфон?
Следна статијаТоп 7 текстови/видеа за секој ден од неделата (2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.