Според порталот TechCrunch, Google има испратено имејл порака до корисниците на G Suite, бизнис пакетот од компанијата, со најава дека работат на целосно нова верзија од Gmail на веб. Оваа нова верзија, имаат истакнато, дека покрај новиот дизајн, ќе вклучува и неколку нови функции.

Една од функциите која веќе одреден период е достапна на Outlook, е директниот пристап до календарот од главната страна на Gmail. Ова е дефинитивно корисна работа за корисниците кои го користат Gmail за работа, односно често закажуваат состаноци и си го организираат денот преку календарот.

Уште една нова функција која се најавува е можноста за правење на „snooze“ на пораките, односно тргање на известувањето со избор истото да се појави подоцна. Ова е одличен начин да не се заборават некои пораки, а сепак да се задржи организираноста на сандачето и известувањата.

Според корисник на Twitter којшто има испратено информација до TechCrunch, вработен на Google веќе го користел новиот дизајн на Gmail, па тој можел да види како истиот ќе изгледа. Според него, новиот дизајн ќе биде некоја комбинација помеѓу Inbox by Gmail и моменталниот дизајн на Gmail.

Како и да е, овој сервис одамна нема добиено редизјан, па веруваме дека каков и да биде тој, ќе биде подобар и пофункционален.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаOnePlus со уште еден „тизер“ за очекуваниот OnePlus 6
Следна статијаМобилниот телефон го прослави својот 45-ти роденден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.