Google излезе со известување наменето за корисниците на G Suite, меѓутоа веруваме дека промените, барем понатаму, ќе бидат наменети за сите корисниците на сервисите на оваа компанија.

Најавената промена е мала и се однесува на страната на која како корисници се најавуваме на нашата Google сметка. Истата ќе биде направена да биде повеќе во правец на дизајн правилата поставени со познатиот Google Material дизајн.

Како што се гледа на сликата, промената ќе вклучува минимални промени во логото, поставеноста на логото и текстот сега ќе биде во средина, а можеби најголемата и најмногу забележлива промена ќе биде во полето за текст, кое сега ќе има сина рамка.

Промените официјално започнуваат од 14-ти јуни, па корисниците не треба да се изненадат кога ќе ги видат, односно сега ќе знаат дека се работи за официјална промена.

ИЗВОР 2Google
Претходна статијаTesla автомобилите ќе добијат „целосни само-управувачки функции“ со надградбата на софтверот овој август
Следна статијаAsus планирале да претстават смартфон со 10 GB RAM меморија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.