Затоа што сите американски новински агенции „се познати“ по пишувањето на вистината и воопшто немањето на манипулации, Google реши да се справи со ваквите појави во руското новинарство.

Обвинувајќи ги како такви руските RT (Russia Today) и Sputnik, Ерик Шмит најави дека Google ќе се справи со овие агенции преку измена на алгоритамот којшто ќе може да ги препознае „злоупотребите“. Со тоа, овие страни ќе им биде намален ранкот на Google, што значи дека многу подолу или воопшто нема да се појавуваат во резултатите од пребарување, како и од листата со вести.

Нема да тврдам дека овие руски агенции воопшто не се занимаваат во пропаганда и манипулации. Живееме во време кога скоро и да нема некоја страна која не користи такви методи на информирање на читателите, а посебно кога се работи за политичка тема.

Меѓутоа, се поставува прашањето чии интереси штити Google и дали е нивна работа да одлучуваат кои новински агенции треба или не треба да ги им бидат достапни на читателите. 

Ерик Шмит сепак истакнува дека тие не планираат да ги цензурираат овие две страни, односно тие нема да бидат тргнати и забранети од сервисите на Google, а решението со измена на алгоритамот ќе биде тоа што ќе го употребат.

Ова не е првата вест каде Google се јавува како одлучувач за тоа која и каква содржина е соодветна за корисниците, а ваквите случаеви стануваат се почести.

Извор: Engadget, The Guardian

Претходна статијаHuawei Honor V10 ќе биде смартфон со супериорни спецификации и пониска цена
Следна статијаNASA разви пневматици од титаниум кои не можат да се дупнат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.