Корисниците ги користат своите мобилни телефони за пристапување до интернет и достапните сервиси почесто од десктоп компјутерите веќе неколку години. Таков е и случајот со пребарувањата на Google, кои повеќе се прават од мобилен, отколку од десктоп компјутерите.

Google веќе година и пол дава поголемо значење на страните кои се оптимизирани за мобилните телефони, а оваа верзија од тие страни ја смета за поважна. Тестирањето полека завршува, па од оваа недела Google официјално ќе почне да ги индексира мобилните верзии од страните.

Како што ти истакнуваат во нивниот блог, ова не значи дека ќе имаат две верзии на индексирање, па мобилната да биде приоритетна. Ова значи дека мобилната верзија ќе биде единствената која што ќе биде индексирана.

Како и досега, оптимизираноста на страната и другите фактори кои важеа за десктоп, ќе бидат земени во предвид исто така при индексирање и рангирање на мобилните верзии.

Префрлувањето на мобилно индексирање нема да се случи наеднаш. Први ќе бидат страните кои биле дел од тестот и кои веќе имаат добро оптимизирани страни. Колку точно време ќе треба да сите страни не е познато, но претпоставувам дека ќе поминат месеци.

Ова не би требало да е некаков проблем за сопствениците на страни, барем не за повеќето. Отворањето на страните од мобилните веќе одамна е масовно, па доколку некој нема оптимизирана верзија за мобилните, индексирањето на Google не му е главниот проблем.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаFacebook ќе ни даде рок од 14 дена да одговориме на поканите за пријателство пред автоматски да бидат одбиени
Следна статијаПриказна за играчките… кои имаат душа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.