Maps
Media: PrintScreen

Ако некогаш сте посакувале да го посетите популарниот Disneyland, но не сте биле во можност, сега истото ќе ви биде достапно со само неколку кликови. Сервисот Google Maps на својата платформа претстави виртуелни тури низ 11 забавни паркови од ваков вид.

На листата на паркови достапни за виртуелни прошетки се наоѓаат некои од најпознатите и најпопуларните во САД. Преку Google Maps StreetView ќе можете без брзање и гужви да се прошетате и да ги разгледате атракциите од близу. Оваа алатка ќе ви го олесни планираниот одмор доколку се решите да посетите некоја од понудените локации. Ќе знаете што можете да очекувате и дали воопшто се исплати да посетите одреден забавен парк. Тематските паркови кои се достапни за разгледување се инспирирани од популарни филмови и авантуристичка тематика.

Ова не е прв пат Google да понуди виртуелни тури низ особено популарни дестинации. Познато е дека од неодамна тие овозможуваат виртуелни тури низ музеи. Сето тоа ги поставува темелите за виртуелни тури со комплетна VR опрема кои ќе станат секојдневие побрзо од што се чини. Сосема слободно може да се очекува дека за 10тина години луѓето ќе можат без потешкотија да посетуваат локации кои не се во можност, од материјална или друга причина. Барем виртуелно, се разбира…

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google blog
Претходна статијаGoogle официјално ја пушти верзијата за програмерите од Android P
Следна статијаТристан Харис: Смартфоните се алатка за масовна манипулација