google-faceboom-logos

Прво Google, па по неколку часа и Facebook, излезе со известување дека ќе се преземат мерки против се поголемиот број на веб страни кои шират лажни вести. Оваа тема стана проблем по изборите во САД кога излезе на површина дека кандидатите, а посебно обвинувањата одат во правец на Трамп, користат специјално направени за изборите веб страни кои објавуваат целосно неточни вести.

Пример се објави на познати личности како ја даваат својата поддршка за некој од кандидатите, нешто што воопшто не бил случајот.

Дел од тие сајтови беа одржувани од страна на наши граѓани, а таа вест стана позната во нашите медиуми. Се разбира многу потврда, како и комуникација со луѓето немаше, па многу информации околу што е тоа што се има случувано и нема.

Оваа тема стана актуелна по изборите во САД до тој степен што се обвинуваат за крајните резултати. Не е тајна дека голем дел од медиумите, политичарите, како и граѓани, не се среќни со победата на Трамп, а за тоа дури беа обвинети Facebook чија мрежа се користеше за ширење на вестите.

Мерките коишто двете големи компании ќе ги преземат подразбираат исклучување од нивните мрежи за рекламирање на страните кои што ќе бидат означени како страни кои шират лажни вести.

Како точно ќе се оценува кои страни шират лажни вести, не е конкретно објаснето, а компаниите истакнуваат дека тие ќе ја следат содржината која што треба да се огласува на нивните мрежи.

Дали овие мерки ќе може реално да се спроведат, а уште поважно дали легитимни страни кои можеби го истакнуваат своето мислење ќе се најдат на листата на забранети страни, останува да видиме.

Како и да е, во основа, доколку овие мерки се спроведат како што треба, добро е да видиме намалување на бројот на страни кои ги собираат нивните кликови, како и заработката на пари, на сметка на неинформираноста на многу луѓе.

Извор: The Verge, TechCrunch

Претходна статијаWhatsApp воведува видео повици за сите свои корисници
Следна статијаApple развива очила за „проширена реалност“ слични на Google Glass?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.