Google веќе подолго време го „форсира“ HTTPS протоколот преку нивниот Chrome прелистувач. Овој протокол користи SSL сертификати за шифрирање на комуникацијата помеѓу веб страната и корисникот, со што се оневозможува или барем значително отежнува, пресретнувањето на таа комуникација од трети страни.

Страните коишто не користат сертификат веќе одреден период може да се препознаат по тоа што не се означени со ознаката „сигурни“, односно до нивната адреса беше достапна иконата за информации, со чиешто притискање се добива информација дека таа страна не е сигурна.

Почнувајќи од 68-та верзија на Chrome, која е достапна веќе неколку недели, несигурните страни, односно тие кои се’ уште не го користат HTTPS протоколот, ќе бидат директно означувани како такви. При нивното отворање, веднаш до нивната адреса ќе стои ознаката „Not secure“, односно за оваа информација веќе нема да треба да се притисне на иконата.

Иако поголемиот број на страни користат SSL сертификат, сепак оваа промена во Google Chrome остави некои од светски познатите страни означени како несигурни.

Од Google веќе најавија дека од наредната верзија на Chrome, односно 69, сигурните страни веќе нема да бидат означувани како такви, односно наместо зелената ознака „Secure“, тие само ќе имаат икона од катанец во стандардната сива боја.

Ова значи дека сигурните страни, односно тие кои го користат сигурниот HTTPS протокол, ќе се сметаат за стандардни и нема да има потреба да бидат истакнувани.

Од Chrome 70, несигурните страни ќе се истакнуваат уште повеќе, па моменталната ознака ќе биде променета во црвена боја.

Претходна статијаМакедонска компанија е лидер во Европа во промоција на дигитална писменост
Следна статијаMicrosoft планира да издава Windows 10 компјутери за месечна претплата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.