Кога се работи за рекламите на веб страните, проблемот не е секогаш само со нивното пречење кога ги има премногу. Одредени веб страни прикажуваат реклами кои носат до страни со малициозен код, а исто така се прикажуваат и лажни навидум системски информации кои се во основа реклами.

Google кој изминатиот период покажа дека сака да го направи својот интернет прелистувач „од страната на корисниците“, направи доста на овој план, како и низа други работи кои треба да го направат сурфачкото искуство многу подобро.

Наредната верзија од Chrome, поточно Chrome 71, која ќе стане официјално достапна од идниот месец, ќе почне да ги блокира сите реклами кои се прикажуваат на страните како тие што ги споменавме на почетокот.

Сопствениците на страните ќе имаат рок од 30 дена по означувањето на нивната страна, да ги отстранат лажните реклами, по што корисниците на Google Chrome нема воопшто да можат да ги видат рекламите на нивните страни, па ни тие кои се регуларни.

Според Google, се работи за не толку голема бројка на веб страни, па корисниците не треба да се грижат дека ќе има проблем со нивните омилени страни.

ИЗВОРChromium
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаAsus ZenFone 6 ќе го има најчудниот исечок на екранот досега?
Следна статијаAndroid 9 бета верзијата за Note9 ни дава знаци како ќе изгледа наредниот телефон од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.