flash

Adobe вчера ги издаде најавените закрпи за двата безбедносни пропусти откриени на почетокот од неделата. Новата верзија од Adobe Flash Player додатокот која што е високо препорачливо веднаш да се инсталира е 18.0.0.209, додека сите претходни верзии за засегнати од пропустите и подложни на потенцијални проблеми.

Исто така, сите платформи на кои што е достапен Flash се засегнати од пропустите, па се препорачува сите корисници кои што го користат да ја инсталираат најновата верзија.

Mozilla дури отиде до таму да го исклучи додатокот до издавањето на новата закрпена верзија која што беше најавено дека ќе биде сигурно пуштена до крајот на оваа недела.

Сега корисниците можат повторно да се сметаат за безбедни користејќи го додатокот, колку што би можело за овој веќе непопуларен додаток за кој што повеќето чекаат кога ќе престане неговиот развој и масовно користење.

Извор: Adobe, ZDNet

Претходна статијаПретставен Huawei M2 – Таблет од високата класа со одлични звучници и пристапна цена
Следна статијаApple претстави нов iPod Touch, другите модели добија нови бои
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.