Shutterstock.com

Повторно пишуваме за вест која го вклучува Facebook и непланиран, незаконски пристап до информации поврзани со корисниците на оваа мрежа.

Конкретно, безбедносниот истражувач Санјам Џаин има пронајдено дата база, по што ги контактира TechCrunch, на незаштитен сервер, полна со информации од Facebook корисници. Информациите вклучувале телефонски броеви, идентификациски броеви од Facebook сметките, а во одредени ситуации имињата на корисниците, нивниот пол и земјата на живеење.

Кој и како има дојдено до дата базата, како и која била целта не е познато, а серверот на којшто била пронајдена е исклучен по информирањето на хостинг провајдерот.

Од Facebook истакнуваат дека дата базата е од пред ланската одлука да корисниците на мрежата веќе не може да бидат пребарувани врз основа на нивниот телефонски број, како и тоа дека нема информации дека некои од сметките се загрозени, односно пробиени.

Бројката на Facebook корисници е околу 420 милиони, но од Facebook тврдат дека се работи за половина поради тоа што податоците во базата биле дуплирани. Најголемиот број на корисници се од САД.

Поседувањето на телефонски број и Facebook ID лесно може од страна на хакери да биде поврзано едно со друго. Покрај тоа што телефонските броеви може да се искористат за „спам“ повици и пораки, тие може да се искористат и за хакирање на сметки кои користат дво-факторска автентикација со тој број.

Од Cambridge Analytica случајот, се чини дека Facebook често е во вестите поради вакви случувања. Ова исто така може да се искористи за потсетување колку во денешно време сме зависни од друштвените мрежи и колку информации за нас оставаме на нив. Не е чудо што тие се мета како на хакерите, така и од страна на компаниите кои го користат Facebook, па и самата мрежа.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаВодечките лица од Балканската музичка сцена на Викенд Медиа Фестивал: Како дигитализацијата влијае на музичките трендови?
Следна статијаSamsung Galaxy Fold сега e достапен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.