VQgF4JuDa57

Дека Facebook дава големо значење на Messenger сервисот покажаа минатиот месец на нивната F8 конференција. Oвој сервис кој што започна како дел од главната социјална мрежа, сега постепено прераснува во сопствена платформа.

Facebook веќе подолг период е главната социјална мрежа до која што никој нема успеано да се приближи. Поради тоа од компанијата може да се чувствуваат сигурно да другите сервиси кои што не мора да бидат директно врзани со мрежата, ги издвојат со цел да понудат подобро корисничко искуство.

Доколку сте активен корисник на Facebook Messenger, меѓутоа немате потреба од отворање на Facebook редовно, сега имате дополнителна можност истото да го правите преку посебна страна.

Messenger.com страната, која што и досега постоеше, сега покрај линкови до мобилните апликации, вклучува и веб апликација преку која што можете да го користите сервисот од вашиот прелистувач.

Апликацијата е направена да изгледа исто како на мобилните уреди, се разбира прилагодена за поголемите екрани, што овозможува познато и унифицирано корисничко искуство.

Messenger на веб ги овозможува повеќето функции кои што ги има на мобилната верзија. Сепак, најновите апликации се наменети за мобилните телефони, па не е вклучена нивната поддршка, барем не во оваа верзија.

За користење на Messenger преку веб, се што треба е да отидете на messenger.com и да се најавите со вашата Facebook сметка.

Претходна статијаVP9, нов видео кодек кој го подобрува визуелното искуство на YouTube
Следна статијаPopcorn Time претставен за iOS, колку време ќе успее да остане?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.