internet-org-app11-f

Internet.org е апликација од истоимената непрофитна организација која што има за цел да овозможи бесплатен пристап до одредени интернет сервиси во земјите во развој.

Апликацијата која што е достапна за Android оперативниот систем овозможува пристап до Facebook, AccuWeather, Google Search, Messenger, Wikipedia и други сервиси бесплатно, односно без потреба од корисникот да плаќа за интернет пристапот кај својот оператор.

Организацијата за да го овозможи ова склучува договори со операторите од земјите за работа на оваа апликација.

Поради ограничениот број на сервиси кои што се достапни на Internet.org апликацијата, Facebook почна да добива критики кои што одеа до таму да бидат обвинети за нарушување на принципите на Net Neutrality. Со други зборови Facebook се обвинувани дека поради тоа што само одредени сервиси се достапни преку апликацијата, другите сервиси се дискриминирани.

Иако Марк Цукерберг преку своето соопштение изјави дека не се служува дека постои дискриминација на другите сервиси, туку едноставно вклучување на одредени што е подобро од никакви, сепак направи промени во начинот на работа на апликацијата.

Internet.org станува платформа, односно сите заинтересирани компании и програмери ќе можат да развијат пристап до нивните сервиси преку апликацијата.

Заинтересираните програмери ќе можат да се приклучат на проектот без надомест, но ќе треба да следат 3 принципи: 1. Мотивирање на корисниците за истражување на интернетот, 2. Ефикасност, односно мала потрошувачка на интернет сообраќај и 3. Оптимизација за пристап до сервисите од обичните и паметните телефони.

Извор: Internet.org

Претходна статијаDell лансираше безжичен “Station Dock” за вашиот лаптоп
Следна статијаПатувањето до Марс може да е штетно за човековиот мозок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.