Mozilla го градат својот углед уште од самиот почеток со работа, врз основа на ставање на главниот акцент на приватноста на корисниците. Нивниот Firefox прелистувач се истакнува дека не се користи за следење на активностите на корисникот, а се почесто се вградуваат алатки кои овозможуваат подобрување на приватноста при сурфање.

Поради случувањата со Cambridge Analytica и Facebook, веќе познат случај за повеќето од вас, Mozilla пред недела дена излезе со нов додаток за нивниот прелистувач наречен Facebook Container.

Овој додаток сепак нема да не заштити од случаевите како тој со Cambridge Analytica, па може да се каже дека е само мотивиран од истиот за овозможување на што поголема приватност на корисниците.

Facebook Container ќе не заштити или барем ќе му отежне на Facebook да не следи на страните кои ги отвораме. Истото се прави преку поставување на Facebook код на страната, за читателите очигледен во форма на лајк копче и слично.

Со други зборови, Facebook ја следи нашата активност на веб дури и кога не сме на самата страна од мрежата. Тие во основа знаат за скоро секоја страна што ја имаме отворено, а сигурно резултатот на тоа го имате забележано повеќе пати. Кога ќе отворите некоја страна со одреден производ, истиот ви се појавува на Facebook во форма на реклама од производителот.

Овој додаток го изолира Facebook од остатокот на активностите на прелистувачот, па Facebook веќе не може да знае каде се сме сурфале. Истото ќе може да го знае само во случаевите кога ќе притиснеме на тоа лајк копче достапно на повеќето страни на интернет.

Ова се разбира не е единствен начин да е спречи следењето на Facebook низ веб страните, меѓутоа Mozilla изгледа сака подиректно да ја издвои оваа мрежа од останатите „следачи“, а знаете сигурно дека ги има повеќе.

Додатокот можете да го симнете преку следниот линк.

Facebook Container за Mozilla Firefox

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаXmarks престанува со работа од 1-ви мај
Следна статијаRange Rover Velar прогласен за најубав автомобил на светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.