EFF, односно Electronic Frontier Foundation, е една од најпознатите фондации во светот која е непрофитна и има за главна цел да ги брани граѓанските слободи во дигиталното време. Тие постојат уште од 1990 година, а до ден денес сериозно и активно се занимаваат со својата цел.

Тие стојат зад познатиот додаток за прелистувачите, Privacy Badger, кој овозможува „криење“ од големиот број на „следачи“ на интернет за рекламни и други цели.

EFF направи листа од 5 нивни алатки кои ги препорачуваат за побезбедно сурфање по интернетот, па еве ги тие алатки во продолжение:

  1. Privacy Badger – Овој додаток го спречува следењето на активноста онлајн на корисниците од страна на веб страните и огласувачите
  2. Panopticlick – Овој додаток ја продолжува работата на PrivacyBadger и им дава информации на корисниците за таканареченото „browser fingerprinting“, односно препознавање на корисникот според неговиот прелистувач, прилагодувања, оперативен систем и слично
  3. HTTPS Everywhere – Овој додаток за прелистувачите е направен во соработка со Tor Project. Тој овозможува да при отворањето на веб страните, се отвори HTTPS верзијата од страната, доколку истата е достапна
  4. Certbot – Оваа алатка е повеќе наменета за сопствениците на веб страни, односно на домејни. Овозможува едноставно имплементирање на бесплатниот Let’s Encrypt сигурносен сертификат со цел овозможување на шифрирана комуникација на веб страната со своите корисници
  5. SurveillanceSelf-Defense (SSD) – Се работи за водич преку кој може да се научи подобро како да се заштити еден корисник од дигитално следење.

Алатките се достапни на страната на EFF и можете да ги видите, како и да дознаете нешто повеќе за нив на линковите кои се поставени на секој од нив во листата.    

ИЗВОРEFF
  • ОЗНАКИ
  • EFF
Претходна статија„Баг“ во Facebook има дозволено пристап до сликите од корисниците до кои не треба да има пристап
Следна статијаInstagram воведе гласовни пораки приклучувајќи се на повеќето останати апликации за разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.