adobe-flash-player-logo

По хакирањето на Hacking Team групата, почнаа да излегуваат доста информации поврзани со интернет безбедноста достапни на оваа група. Hacking Team работи со развој на софтвер наменет за владите кој што нуди можност за следење на комуникациите и активностите преку разни методи.

Минатата недела беше откриен безбедносен пропуст во Flash Player кој што веднаш бил искористен од страна на развивачите на малициозен софтвер. Adobe издаде закрпа која што го затвори пропустот после неколку дена, па може да се каже дека не се појавија некои последици кај корисниците.

Во текот на овој викенд откриени се два дополнителни пропусти кај Flash додатокот за сите платформи на кои што е достапен, односно повторно на Windows, Linux и OS X. Пропустите се откриени од страна на компаниите Trend Micro и FireEye, а ги носат ознаките CVE-2015-5122 и CVE-2015-5123.

Од Adobe го потврдија постоењето на пропустите и најавија издавање на закрпа во текот на оваа недела. Пропустот ги зафаќа сите најнови верзии од Flash, како и постарите, што значи инсталирањето на новата верзија кога ќе биде достапна оваа недела е високо препорачливо за корисниците.

Корисниците се препорачува да го деактивираат Flash додатокот на својот прелистувач додека бидат издадени закрпите, меѓутоа шансите дека нешто може да се случи со компјутерот во овие неколку ден се мали. Според информациите пропустите не се искористени од страна на хакерите, па корисниците не би требало да бидат засегнати.

Извор: Adobe, ZDNet

Претходна статијаGoogle ќе лансира нови Glass Enterprise Edition очила
Следна статија10 годишнина од купувањето на Android од страна на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.