DuckDuckGo

Конкурентот на Google, кој сепак според бројките уште не може баш така да се нарече, кој својата предност ја истакнува во тоа дека не ги следи своите корисници, излезе со истражување во кое имаат критика за Google.

Поточно, Google веќе се критикувани од повеќе групи за ефектоткојшто е наречен „Filter Bubble“, односно филтер меур. Ова во основа значи дека корисниците, добиваат различни резултати според нивните информации, односно спореднивната историја на сурфање, линковите кои ги имаат кликано, локацијата напребарување и слично.

Критиките се во правец на тоа што корисниците се доведуваат во ситуација на меур, односно затворени во „свој свет“, па не им се прикажуваат информации кои не се баш во нивниот интерес, затоа што помали се шансите да кликнат.

Иако ова е логично кога вака ќе се види на прв поглед, „опасноста“ од ваквата ситуација се истакнува при пребарувањето на политички теми. Корисниците не доаѓаат до објави од партиите кои не ги поддржуваат, па се верува дека има голем простор за манипулација на гласачите и слично.

Од DuckDuckGo направиле истражување да видат дали Google навистина има преземено мерки да овој меур биде намален, меур којшто не би требало воопшто да постои кога корисниците не се најавени со својата Google сметка, а посебно кога сурфаат во „таен“ режим.

Резултатите покажале дека меурот воопшто не е намален, а резултатите се прилагодени на секој корисник дури и кога тој корисник не е најавен на својата сметка и сурфа во таен режим.

Се разбира, од Google ги негираат овие резултати и тврдат дека начинот на којшто го вршеле истражувањето од DuckDuckGo не е баш точно. Во продолжение можете да го видите одговорот од Google, а деталното истражување од DuckDuckGo на овој линк.

ИЗВОРDuckDuckGo
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаSamsung Galaxy S10 ќе биде претставен на 20 февруари и ќе дојде во три различни варијанти?
Следна статијаИКТ заедницата во Македонија уште еднаш докажа дека е една од најпрогресивните и најхуманите гранки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.