Додатоците (extensions) се една од најголемите причини за корисноста и популарноста на Google Chrome, а ова слободно може да се каже дека важи за сите прелистувачи. Google Web Store е главната страна од каде корисниците можат на едно место да ги видат сите достапни додатоци за Chrome, како и да ги инсталираат.

Сепак, инсталирањето на додатоци не мора да се направи само од Web Store, па корисниците можат да ги инсталираат од официјалните страни на програмерите, како и било која друга страна на која ќе „налетаат“ на интернет.

Оваа можност е наречена „inline“ инсталирање на додатоците, односно инсталирање кое повторно се прави од серверите на Google, меѓутоа со притискање на линк на било која друга страна, а не само Chrome Web Store.

Од вчера оваа можност е тргната, па сите ново поднесени и објавени додатоци веќе нема да може да се инсталираат од друга страна, односно тоа ќе може да се прави само од Chrome Web Store страната. Програмерите ќе треба да си постават линкови до нивниот додаток на нивната страна, односно се разбира дека тоа не може и нема да биде тргнато.

Веќе објавените додатоци ќе може да бидат инсталирани од други страни и понатаму, меѓутоа и таа можност ќе престане од 12-ти септември оваа година, по што во декември целосно ќе биде тргната и API алатката за програмерите.

Од Google истакнуваат дека додатоците кои се инсталирани преку Web Store многу поретко се бришат, односно корисниците многу поретко имаат проблем со нив. Причината за тоа според Google е што на Web Store е ставен детален опис за додатокот, како и коментари и оценки од другите корисници, па помали се шансите да се инсталира нешто што може да предизвика проблем или лошо кориснички искуство.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаVivo NEX е најавуваниот телефон без рамки околу екранот, без исечок и камера која „излетува“ по потреба
Следна статијаFacebook Memories го менува On This Day со неколку нови можности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.