Google најавува нови промени во рангирањата. Она што досега функционираше како препорака, ќе стане правило – сите HTTP сајтови ќе бидат означени како несиурни. Ова е новост која продукт менаџерката за безбедност, Emily Schechter ја најави со свој блог пост на официјалната страна на Google Security.

Засега, ваквите сајтови имаат статус на неутрални, што значи дека не се отворено санкционирани. Сепак, почнувајќи од 68-та верзија на Chrome, пребарувачот ќе им испраќа нотификација на посетителите дека ваквиот сајт е несигурен.

Всушност, ова на некој начин беше очекувано. Google веќе подолго време ги притискаше корисниците да не посетуваат вакви сајтови со години. Како и да е, ова се смета дека е најголемиот чекор кој го направија во оваа насока досега. Google Search им даваше полош ранкинг на некриптираните сајтови уште во 2015 година. Истата година, Google тимот продуцира слично предупредување и за полињата во формите кои немаа енкрипција.

Како што велат од компанијата, овој чекор доаѓа природно, бидејќи е забележан раст во примената на HTTPS стандардот кај сајтовите. Фантастични 81% од топ сајтовите на Интернет го имаат имплементирано овој стандард. Еве што точно изјави продукт менаџерката Emily Schechter:

Базирано на огромниот број на сајтови кои мигрираат на HTTPS, во јули планираме да ги маркираме сите вакви сајтови дека имаат добри стандарди и да ги означиме оние кои не ги применуваат

Кус осврт за HTTPS: HTTPS енкрипцијата го заштитува каналот и целокупната комуникација која се одвива помеѓу вашиот пребарувач и сајтот кој го посетувате.  Примената на овој стандард значи дека не може некој да се инфилтрира во оваа меѓукомуникација и да ве шпионира што правите.

HTTPS стана многу лесен за имплементација со помош на автоматизираните сервиси како Let’s Encrypt. Со ова се намалуваат изговорите кои бизнисите ги користеа за да се оправдаат зошто не го имплементирале овој стандард.

Така да, просто е. Бидете во тек со новостите и имплементирајте си HTTPS што поскоро.