Кристиан Ребер е основач на една од најпознатите апликации за менаџирање на задачи и активности, која сега е во сопственост на Microsoft. Wunderlist е апликацијата и таа се’ уште е една од најпознатите во нејзината категорија.

Ребер го напушти Microsoft минатата година, па по одреден период тој се враќа со нова компанија, базирана во Берлин.

Pitch е новата компанија и името на новиот сервис за која Ребер веќе има обезбедено 19 милиони во инвестиција од неколку извори и фондови. Првите бета тестови од новиот сервис треба да им бидат достапни на корисници идната година, а до тогаш имаме информации за тоа што треба да го очекуваме.

Во основа, Pitch е модерна верзија од апликациите за презентации, барем така го претставува основачот Ребер. Според него моментално достапните апликации се „заглавени“ и останати во деведесеттите години, па потребно е модернизирање на истите.

Што е тоа што ќе го донесе Pitch во споредба на конкурентите останува да видиме. Она што сега е познато дека овој сервис ќе биде направен со најновите веб технологии, што значи дека основната верзија ќе биде во форма на веб страна, меѓутоа ќе бидат направени прилагодени верзии за десктоп и мобилните.

Исто така, се истакнува дека податоците коишто ќе може да се стават во презентациите ќе бидат, покрај другото и од други веб сервиси, како YouTube, Twitter и слични, а истите ќе бидат ажурирани во реално време, како што се менуваат на изворната страна.

Во кој правец ќе се движи овој сервис може да се види и од тоа што еден од инвеститорите е познатиот Slack, а во најавата стои дека ова е сервис за презентација во времето на Slack.

ИЗВОРPitch
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаАдријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд
Следна статијаПовисока интелигенција: Huawei ja открива HUAWEI MATE 20 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.