Сеул, Кореа 19. Април, 2018 Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го најави своето партнерство со “БазФид“ (BuzzFeed) и “Додо“ (The Dodo) со цел креирање на позабавно секојдневие со новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) и нивната камера која креира Супер Бавни “Слоу-Мо“ (Slow-Mo) видеа. Започнувајќи од денес, “БазФид“ – светски водечки технолошко развиен медиум, кој споделува новости и забавни информации низ повеќе платформи до стотици милиони луѓе на глобално ниво, и “Додо“ – број 1. дигитален медиумски бренд за животни/луѓе1 и најпопуларен огласувач на “Фејсбук“2 (Facebook)− ќе објавуваат забавни, интересни и споделливи супер бавни “слоу-мо“ видеа низ нивните платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги “Инстаграм“ (Instagram), “Твитер“ (Twitter) и “Фејсбук“ (Facebook).

Видеозаписите означени со хаштагови #withGalaxy и #SuperSlowMo, ќе им покажат на корисниците колку е едноставно креирањето и споделувањето на супер бавните “Слоу-мо“ содржини преку користење на паметните телефони Самсунг Галакси С9 и С9+. Ова партнерство ќе резултира со повеќе од 30 уникатни видеа со интересна содржина, достапна за широката публика на “БазФид“ и “Додо“ во следните два месеци. Поттикнати од моменталниот тренд на креирање и споделување на успорени видео содржини со Галакси С9 и С9+, објавите ќе опфаќаат уникатни моменти од секојдневниот живот – од примамливи кратки содржини до забавни видео записи. “БазФид“ ќе претстави секојдневни мигови во кои публиката ќе може да се препознае – насмевки, смеење и најразлични фацијални експресии, претворајќи ги во неверојатни мигови кои ќе сакате да ги споделите. “Додо“ ќе емитуваат смешни и емотивни видеа и приказни за животни снимени во одредени мигови, а сите овие содржини ќе бидат креирани со помош на Галакси С9 и С9+ во автентичен стил за “Додо“.

Партнерството со Базфиди Додо е природно, спонтано и претставува одличен начин да прикажеме како корисниците може да ги направат своите секојдневни моменти неверојатни со користење на Самсунг Галакси С9 и С9+ и нивната Супер Слоу-Мо камера. Снимањето на сите мигови во еден момент никогаш не било поедноставно и со ова Партнерство сакаме да инспирираме и да поттикнеме уште покреативна Супер Слоу-Мо содржина.” – изјави Јонгхи Ли (Younghee Lee), Главен Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател во компанијата Самсунг Електроникс.

Самсунг Галакси С9 и С9+ преку својата Супер “Слоу-Мо“ камера и супер бавното видео во 960 фрејмови во секунда откриваат целосно нов начин за повторно доживување и споделување на извонредните мигови од секојдневието. Со помош на автоматската функција “Препознавање на Движење“ (Motion Detection), корисниците можат едноставно да го постават уредот пред кадарот и да притиснат “плеј“. Дополнително, корисниците може да одберат и музичка позадина за своето видео од 35 различни, однапред овозможени опции, или пак да одберат некој од своите омилени звуци од нивната лична плејлиста пред инстантно да го споделат во една од трите креативни можности – видео запис кој се повторува (on loop), видео снимка прикажана наназад (reverse) или во видео запис во “швинг“ режим (swing mode).

Ние во БазФид ја нагласуваме првокласната продукција која им овозможува на нашите креирачи на содржина флексибилност да ги снимаат содржините додека се во движење, на различни локации. Со Галакси С9 и С9+ во нашата продукција можеме да користиме неверојатни карактеристики како успорено снимање, а во исто време и прикажување на нашата публика дека повеќе не им е потребна скапа опрема или софтвер за снимање на најдрагите мигови во највисок квалитет, кои подоцна може да ги споделат со пријателите.“ – изјави Зе Франк (Ze Frank), Главен Директор за Истражување и Развој во “БазФид“.

Изи Лерер (Izzie Lerer), Основач и Главен Креативен Директор во “Додо“, додава: “Ја изградивме нашата публика на основа на уникатниот и емотивен пристап кон раскажувањето – поставувајќи ги животните во преден план и во центар на внимание, претставувајќи ги прекрасните, инспиративни работи кои тие ги прават секој ден. Навистина сме задоволни што ќе имаме партнерска соработка со Самсунг и ќе имаме можност да ги доловиме изразите на животните и нивната радост на возбудлив, нов начин со супер слоу-мо функцијата.“

Претходна статијаХалкидики Авантура – тридневна забава за сите љубители на електронска музика
Следна статијаНов Nokia X ќе биде претставен на 27 април