Google го пушти првиот редизајн на Gmail за веб после подолго време и слободно може да се каже дека „време беше“. Новиот дизајн презема доста од нивната друга апликација Inbox by Gmail, па новиот изглед, а и можности дефинитивно го прават овој сервис повторно еден од најдобрите.

Доколку сте активен корисник на овој сервис, а посебно преку веб или сте едноставно љубопитен, можете веднаш да го вклучите и да не чекате додека им биде пуштен на сите корисници. Како и често досега, Google овозможува порано да ја вклучите новата функција, доколку сакате, па еве како тоа да го направите.

Вклучувањето е едноставно, односно се што треба да се направи е да се притисне на едно копче. Копчето е „Try the new Gmail“, а се наоѓа на првото место во менито кое се отвора со притискање на иконата за прилагодувања на горниот десен дел од корисничкиот интерфејс.

„Новиот“ Gmail за неколку секунди ќе се вклучи и ќе ве пречека со едно добредојде. Пред да можете да го користите ќе треба да изберете една од трите можности за прикажување на пораките, а јас би препорачал да ја изберете првата која ги овозможува и некои од новите функции од Inbox, како прикажување на прикачените фајлови под насловот на пораката.

Претходна статијаНиту оваа година нема да ја читаме Winds of Winter
Следна статијаGoogle Tasks е едноставна и основна апликација за менаџирање на задачи и планови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.