windows-10-logo

Утре, 29-ти јули, поточно една година од официјалната достапност на Windows 10 е денот кога завршува понудата на Microsoft која им овозможува на корисниците бесплатно да го добијат оперативниот систем.

Како што сигурно ви е познато, доколку сте корисник на лиценциран Windows 7 или понов, можете бесплатно да го надградите својот систем на Windows 10, а за тоа тука беше Get Windows 10 апликацијата редовно да ве потсетува, па дури и досадува.

Доколку сте планирале да го надградите вашиот систем за да ја искористите бесплатната понуда, ве потсетуваме дека за тоа ви остануваат уште денешниот и утрешниот ден. Од сабота, оперативниот систем ќе почне да се наплаќа, па тешко дека некој во нашата држава би се одлучил за таква опција.

Од вторник идната недела ќе биде достапна таканаречената Anniversary надградба на Windows 10, која значително го подобрува оперативниот систем, па корисниците ќе имаат уште една причина зошто до утре да ја искористат бесплатната надградба.

Претходна статијаXiaomi Mi Notebook Air е евтина, но моќна и квалитетна „копија“ на MacBook Air
Следна статијаLenovo Air 13 е „ала“ MacBook ултра бук со солидни перформанси и ниска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.