Shutterstock.com

6 / Report on the WHO-China Joint Mission on Coronavirus Disease 2019. Во периодот од 16 до 24 февруари Светската здравствена организација и експерти од Кина спровеле заедничка истражувачка мисија за Коронавирусот со цел да го информираат светот што не’ очекува и да издаде препораки за справување со здравствена криза. Се што моментално се знае за вирусот – потекло, карактерстики, препораки, што останува непознато, итн. – има во овој документ. На пример, сега веќе знаеме како најлесно се пренесува вирусот (од капки од заразен во ваша блискост) што е јасно дека главната „алатка“ против вирусот е избегнување на сите затворени простории и непотребна блискост со било кој, колку е можно повеќе (social distancing).

Или, дека Кина се нормализира и повторно се враќа во глобалниот економски синџир. Главните заклучоци сумирани тука. Или дека ако сте заразен вообичаено имате повисока температура (88% од случаите) и постојана сува кашлица (68%). Ако не се чувствувате добро и ви тече нос, минимална е веројатноста да имате Корона.

7 / Non-pharmaceutical Interventions Implemented by US Cities During the 1918-1919 Influenza Pandemic. Одлична студија од 2007 која покажува емпириски дека превентивните навремени мерки за спречување на епидемија (затворање школи, забрана на јавни собири, и сл.) имаат значителен ефект врз намалувањето на стапката на смртност од опасни епидемии. И секој ден е од драгоцена важност! На пример, од анализираните 43 градови во САД во времето на позната епидемија на инфлуенца во 1918-1919 сите превземале некакви мерки за спречување на вирусот. Оние градови кои порано превземале превентивни мерки имале значително одложување на пикот на смртноста (што овозможува време за подготовка на јавното здравство), помал пик и воопшто помал број на смртни случаи. Дополнително, утврдена е статистички значајна корелација помеѓу времетраењето на мерките и смртните случаи. Што порано, тоа подобро. Иако британците не се согласуваат.

8 / Coronavirus Economics – price controls are a bad idea. Во секоја криза се случува истото сценарио: се зголемува нагло побарувачката за одредени производи по што скокнува цената. Луѓето се бунат бидејќи овие производи се неопходни баш сега – политичарите реагираат со закони и казни за зголемување на цените. Истото се случи и сега со маските и сл. здравствени продукти кога избувна Коронавирусот. Тука е објаснето зошто контролата на цените е контра-продуктивна и резултира во хордање (пр. на тоалетна хартија), па за голем дел од граѓаните остануваат само празните полици. Истото го објаснува тука и Такер. Потребно е слободно движење на цените со цел да се стимулира што поголемо производство на потребните производи, па после ако сака нека ги откупи и Државата или субвенционира потрошувачите. Битно е да стигнат производите на полиците!

9 / Coronavirus: Why You Must Act NOW? Ако ве интересираат особено податоци, модели и графици, ова е најверојатно еден од подобрите текстови. Во крајна линија, поентата е иста – при ризичен настан како овој со експоненцијален раст, од огромна важност е агресивна превенција да се минимизира брзината на ширењето. Што порано, тоа подобро. Еве и одличен текст кој објаснува зошто моделите кои ги користиме за да размслуваме за настани со експоненцијален развој не се толку добри. Интуитивно, работи кои вчера изгледале ок не можеме да разбереме дека утре може да бидат во тотален хаос.

10 / Ethics of Precaution: Individual and Systemic Risk. Последниот текст од Талеб и Норман, за индивидуалната одговорност и етичноста на поединецот кога сме соочени со настани како епидемија. Дури, и некогаш е потребно да бидеме радикално внимателни (до мера да ти викаат „не знам зошто паничиш“) иако индивидуално можеби немаме голем ризик по нашето здравје, но нашата ноншалантност има системски ризик кон јавното здравје. Мерак ми беше и овој текст да го преведам на македонски јазик.

п.с. Либертаријански став за карантините. Проминентни либертаријанци кои се согласуваат со овој став, толкувајќи го фундаменталното NAP начело (non-aggression principle) дека дозволува ваков пристап. Секако, повеќето се против агресивна превенција од државата без да се има докази за непосредна закана кон здравјето или животите на луѓето.

Претходна статија#ЧИТАЈДОМА – ТРИ нуди бесплатни е-книги цел месец
Следна статијаМакедонскиот Народен Театар од денеска ќе ги пушта своите претстави преку YouTube
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.