Педро Паскал е ѕвер

Без да му го видиш лицето успева да пренесе што чувствува и размислува неговиот лик. Иако Мандалоријанците се „ладни“ сепак Бејби Јода отклучува нешто во Мандалоријан, нешто што ни самиот не знаел дека постои во него. Иако Мандо никогаш не вмешува емоции во неговите мисии (како и повеќето Мандалоријанци, тие се како нинџи во серијата, живеат во подземјето и искачаат само за да завршат некоја мисија), тој развива татковски инстинкт за неговиот „плен“. Паскал сето тоа одлично го доловува. Типот има навика да глуми предобри ликови, како Оберин Мартел во Гејм оф Тронс.

Мандалоријан е многу кул и оригинален лик и навиваш за него во секоја епизода. Едвај чекам да видам како ќе се развива во наредните епизоди.

Неспоредливо подобра од соло филмовите

Мандалоријан се случува во Стар Ворс универзумот, тоа не можеш да го промашиш. Ако чудните суштества и Сторм Трупери не ти го оддадоа тоа, тогаш веројатно не си некој голем фан. Но, освен тој првичен впечаток, серијата се разликува од се што постои под етикетата Стар Ворс. На добар начин.

Мандалоријан е драстично подобар производ од Rogue One и Solo. Дури, на некој начин ги надминува и flagship филмовите, без разлика што е далеку помала во обем. Се надевам дека ќе трае многу сезони.

Фавро е вмешан во интересни работи

Џон Фавро е еден од најинтересните луѓе што работат во Холивуд. Глумецот што го знаеме од Свингери дојде до тоа да го режира Ајронмен, Книга за Џунглата и ремиксот на Кралот Лав. Сега го води и Мандалоријан. Често се појавува зад филмови и серии каде што воопшто не очекувам да го видам. Знае да промаши ептен (Cowboys and Aliens), но очигледно е дека неговата страст лежи во стриповите и научната фантастика. Се гледа дека Мандалоријан е нешто што ептен го цени.

Рандом обзервации:

  • Зошто никој не го спомнува Јода кога ќе го види ова мало суштество што е негова минијатурна копија? Мандалоријан е сместена после првите три дела кога Империјата е срушена, а Јода веќе е легендарен лик.
  • Кога сме веќе кај спомнување ликови, не слушаме ништо ниту за Скајвокер ниту Дарт Вејдер ниту некој од другите познати ликови. Не дека мора, но ми се чини логично да бидат тема на разговор во кантините или да бидат рандом спомнати од некој од ликовите.
Претходна статијаУрбанон: Прирачник за Агенти – првата македонска друштвена игра со улоги
Следна статијаКако Кина „краде“ технологија од САД?