Smart-nedelnik-image

Една од најинтересните новости минатата недела беше таа за успешно направеното вертикално слетување на Falcon 9 ракетата на SpaceX компанијата. Тие после неколку неуспешни вакви слетувања, беа „претркани“ од Blue Origin на Џев Безос.

Големата важност на вертикалното слетување е во тоа што овој начин овозможува повторно искористување на ракетата, со што се заштедуваат огромни суми на пари.

Сега, за секоја вселенска мисија потребно е користење на нова ракета, што значи дека потребни се милионски суми за производство на нови ракети.

Snapdragon-820

Со секоја понова генерација од мобилните телефони, како корисници добиваме се повеќе јадра на процесорот кој што се вградува. По автоматизам сметаме дека колку повеќе јадра, толку подобри перформанси ќе има нашиот скапо платен уред. Меѓутоа, едно истражување сака да докаже дека ова не секогаш е случајот, па мобилните уреди ретко ги искористуваат сите јадра од процесорот.

Поради тоа, многу подобри перформанси може да се добијат доколку се користат помал број на подобри јадра, што кога подобро ќе се размисли, воопшто не звучи изненадувачки како логика.

Како дел од советите кои што се трудиме што почесто да ги има на Смартпортал, минатата недела можевме да прочитаме за тоа како да ги „контролирате“ вашите деца на интернет и со тоа да ги заштитите од негативните влијанија на кои што може да бидат изложени.

kids-safe-online

Windows 10 го искористивме како оперативниот систем за оваа намена во кој што е достапно креирање на посебна корисничка сметка за децата која што може точно да биде прилагодена и контролирана од страна на администраторот, односно во овој случај родителот.

DSC_6654-f

Од Huawei го добивме на користење телефонот од ниската класа Y6. Истиот го користевме во периодот додека беше кај нас, па во рецензијата ги истакнавме нашите искуства и мислења за овој одличен телефон.

Останатите новости кои што не треба да пропуштите да ги прочитате се следните:

Претходна статијаМакпетрол ја пушти реновираната и со нов концепт бензинска станица Партизанска на која ќе се точи и Метан
Следна статијаMAPO – Дигитална маска за лице во Kickstarter кампања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.