Meizu-Pro5-Straight-Group-1a-for-Insights

Кинескиот производител Meizu го претстави Meizu PRO 5 Ubuntu Edition којшто до сега е најјакиот телефон кој работи на овој оперативен систем. Пренаменет од понудата на компанијата на Android телефони, овој телефон ќе може да го покаже Ubuntu оперативниот систем во најдобро светло, а посебно со Convergence можноста.

За оваа година веќе се најавени нови телефони од партнерските производители на Android телефони, па Canonical може да се каже дека ќе изгради добро портфолио на уреди кои треба да ја промовираат платформата.

3813_473523816174936_5550896724717100216_n

Додека читаме за телефони од високата класа како Meizu Pro 5 или денеска претставените Galaxy S7 модели и LG G5, во Индија можевме да го видиме досега најевтиниот мобилен телефон.

Freedom 251 е наречен овој телефон, а бројката ја покажува цената на уредот во рупии, а тоа е околу 200 денари. Цената на овој уред е добиена со користење на послаби компоненти, но најверојатно и субвенции од индиската влада. Првите тестирања на уредот покажуваат дека не може да се очекува скоро ништо од уред со ваква цена, па повеќето корисници се незадоволни од неквалитетот на изработка.

aliens-ET

Интересна теорија за тоа зошто досега немаме најдено доказ за некоја вонземна цивилизација, како и зошто некоја од нив ја нема посетено Земјата. Според оваа теорија, причината за тоа е изумреноста на поголемиот дел од животот во вселената којшто не можеме да го детектираме на време поради големата оддалеченост.

tim-cook-keynote

Едно од поинтересните случувања изминатата недела, а посебно поради веќе старите информации од Едвард Сноуден, беше писмото со коешто Тим Кук се спротивстави на барањето од американските власти да тие помогнат во пробивањето на заштитата на iPhone уред на осомничен за тероризам.

Следењето на овој случај е посебно интересно поради преседанот којшто може да биде поставен, па властите почесто да поднесуваат вакви барања до компаниите.

Останатите новости од минатата недела ги вклучуваат следните:

Претходна статијаSamsung ги претстави Galaxy S7 и S7 Edge
Следна статијаМодуларниот G5 е најреволуционерен смартфон од LG досега