Smart-nedelnik-image

По паузата за новогодишните и божиќни празници, продолжуваме со објавувањето на Смартпортал неделник. Неделникот е наменет да ги истакне најчитаните и најинтересните статии објавени во претходната недела.

Една од најважните новости после нова година беше таа за проширувањето на достапноста на Netflix во скоро цел свет, а со тоа и во Македонија. Она што сепак повеќето корисници не го очекуваа е дека тоа не значи и дека целата содржина достапна во САД, ќе биде достапна во останатите региони.

netflix-home

Од Netflix истакнаа дека тие планираат да ги блокираат VPN и DNS сервисите преку коишто корисниците ќе може да го заобиколат ова ограничување. Како точно ќе успеат да го направат ова од компанијата не е баш познато, но сигурни сме дека тоа ќе им претставува редовна работа.

H1452661511762_x86_banner

Компанијата Jide го направи достапен за инсталирање на било кој компјутер својот Remix OS. Овој оперативен систем е Android којшто е прилагоден да се користи како десктоп систем, наместо на мобилен или таблет.

Ова е навистина интересен концепт, посебно поради големиот избор на апликации на Android, а и се поголемиот број на корисници коишто функционираат во главно преку овој оперативен систем. Достапноста на верзија прилагодена за користење на поголем екран со маус и тастатура, сигурно е добра вест за голем дел од нив.

Facebook, а ова не е прва ваква вест за компанијата, се покажа дека има правено експеримент на корисниците коишто вклучувал намерно „расипување“ на својата мобилна апликација на Android.

Тие со ова сакале да дознаат до кој степен корисниците би продолжиле да ја користат социјалната мрежа, односно која е границата после којашто би се откажале. За „изненадување“ на сите, ваква граница на била откриена, а корисниците цело време се враќале на мрежата, користејќи ги другите начини за пристапување до истата.

CES+2016_18+inch+Rollable+OLED

На CES 2016 настанот којшто се одржа првата недела од оваа година беа претставени повеќе интересни производи. Дефинитивно еден од најинтересните беше и тенкиот и свитлив дисплеј од LG. Овој сега за сега концепт отвора огромен број на нови примени на технологијата, па ќе биде интересно да се следат наредните години од оваа област.

Останатите најчитани и интересни новости од минатата недела, кои ви препорачуваме да ги прочитате, се следните:

Претходна статијаPickbox vs Netflix – Два стриминг сервиси во Македонија
Следна статијаCAT S50c е робусен смартфон отпорен на вода, паѓање и удари