convergence

Шпанскиот производител BQ го претстави првиот Ubuntu таблет којшто доаѓа со долгоочекуваната Convergence функција. Се работи за нешто што во иднина повеќето уреди ќе го имаат како можност, а корисниците веќе нема да имаат по неколку уреди за разни намени.

Во основа, исто како во случајот со Windows 10 Continuum, со Ubuntu Convergence мобилниот телефон или како во овој случај таблет компјутерот, со поврзување на поголем екран и вклучување на маус и тастатура, добива кориснички интерфејс како десктоп верзијата од оперативниот систем и може да се користи како обичен компјутер.

coworkers-friend-request-100914

Интересно истражување од страна на оксфордскиот професор по психологија Робин Данбер коешто како и многу други вакви, потврдуваат научно нешто што повеќето од нас веќе сме го знаеле. Така, истражувањето на професорот покажува дека повеќето наши пријатели на Facebook всушност воопшто не ни се вистински пријатели, а таа титула може да биде дадена на максимум 4.

najdi-mesto-2-screens

Најди место е македонска апликација којашто ви помага во наоѓањето на разните кафулиња, ресторани, гостилници, ноќни клубови и слични локали низ нашата држава. За истите прикажува повеќе информации коишто би ви биле корисни, а овозможува и нивна оцена.

Оваа апликација ја доби својата втора верзија којашто донесува нов и многу подобар дизајн. Исто така, подобрена е генерално функционалноста на апликацијата, како и перформансите. Најди место 2.0 можете да ја симнете преку Play Store.

1338

Според се’ уште непотврдени информации, Google сака да ја преземе целосно контролата на нивните Nexus уреди коишто се произведуваат во соработка со нивните партнери. Како што тоа го прави Apple, Google можно е да го преземе целосниот процес на дизајнирање на телефоните, а производителите само да ги произведуваат. Како ова би било прифатено од нивна страна ќе биде интересно да се види.

Останатите најчитани статии од изминатата недела, односно од 1-ви до 7-ми февруари се следните:

Претходна статијаМоќта која Google, Amazon и YouTube му ја даваат на корисникот
Следна статијаMaru OS – Android смартфон, кој се претвора во десктоп Linux кога ќе се приклучи на поголем монитор