office-336368_640

Компанијата Strategy Analytics излезе со извештај за бројот на продадени паметни телефони во претпоследната, односно третата четвртина од оваа година. Бројките во основа покажуваат раст на продажбите во однос на истиот период минатата година, со што ја достигнуваат бројката од 375 милиони продадени уреди. Ова претставува раст од 6% во споредба со истиот период 2015.

Производителите во главно успеваат да ги задржат своите позиции на пазарот, но зависно од тоа за кој се работи, некој имаат раст, а некој пад на продажбите и покрај истата позиција.

Најинтересна можеби е информацијата за Samsung. Тие и покрај проблемите со Note 7 и падот на продажбите и пазарното учество, сепак го задржуваат првото место и остануваат број 1 производител на паметни телефони во светот.

Најголем раст на продажбата во споредба со минатата година има Oppo, иако и тие го задржуваат пазарното учество на светскиот пазар, односно четвртото место.

Samsung го држи првото место со 20% пазарен удел, пад од скоро 24% минатата година. Apple исто така имаат пад од 13,6% на 12,1%, задржувајќи го второто место на листата.

Третото место го држи кинескиот Huawei со пазарен удел од 9%, зголемен удел од минатогодишниот од 7,5%.

Извор: Strategy Analytics, PCMag

Претходна статијаЗа Microsoft иднината е во креирањето 3D содржини на нашите компјутери
Следна статијаСеавус Инкубатор најавува гостување на основачот на светски-познатиот „IMGUR“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.