ЊУМЕНС БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ ЈА ЗАПОЧНА ПРОГРАМАТА iSUMMER ‘18      

NewMan’s Бизнис Акцелераторот за прв пат во Македонија ги отвора можностите за младите да работат по струка во Америка. Мисијата на NewMan’s  Бизнис Акцелераторот е охрабрување на младите луѓе да ги идентификуваат, планираат и достигнат своите професионални цели во најпродуктивните години од нивниот живот. А со новата програма iSummer, им се пружа шанса на младите да не работат каква било работа преку  лето, како досега, бидејќи сега можат да го одберат она кое што ги интересира или пак го студираат.

Ваквиот тип на искуство ќе придонесе за подобро позиционирање на пазарот на трудот во Македонија и странство.

Програмата iSummer е достапна за студенти и за дипломирани до 28 години. Предност ќе имаат оние кои студираат на технолошките факултети, економски и менаџерски смерови на било кој факултет, факултетите за визуелни уметности, мултимедија и слични сродни факултети. Целата листа можете да ја видите на следниот линк: http://bit.ly/iSummerinfo

За прв пат младите можат да одберат летна работа која не само што ќе им донесе екстра приход, туку уште поважно ќе им дозволи усовршување и учење во нивната област на интерес. Сега младите дизајнери, програмери, менаџери и маркетери можат да работат по струка, а воедно и да учат и патуваат во Америка.

“Веќе неколку години ги гледаме нашите најсветли умови како заминуваат во странство за да работат на работни позиции кои не се соодветни за нивното образование. Затоа решивме да направиме нешто околу тоа и да им понудиме дополнителна можност за раст и развој, бидејќи и како компанија се залагаме за тоа со сите напори преку најразлични проекти и преку нашата академија. Добрите врски со Американските компании и досегашното искуство со NASA Space Apps Challenge, како и неодамнешната препорака од NASA резултираа со потпишување на договор за старт на соработка со Европската вселенска агенција – ESA и Француската вселенска агенција – CNES за проширување на натпреварот за вселенски технологии Act In Space на територијата на Соединетите Американски Држави и тоа на 15 локации што дополнително говори за нашите сериозни намери да овозможиме несекојдневни искуства и процес на учење за сите кои се вклучени во нашата работа.” –  вели Ирена Чаушевска, со-основач и Генерален Менаџер на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.

За оваа програма можете да дознаете повеќе на нивната веб страна (www.newmansba.com), а до крајот на месецот можете да ги посетите во новите канцеларии спроти Машинскиот Факултет во Скопје.

Претходна статијаСовети за „паметно“ користење на мобилен интернет
Следна статијаПрви фотографии од импресивниот Galaxy Note 8