Иако мора да постои одреден степен на автоматизација при прикажувањето на статиите кај агрегаторите на вести, сепак голем дел од нив функционираат со помош на уредници и новинари кои ги проверуваат и избираат тие кои на крајот ги гледаат корисниците.

Microsoft има три места каде прикажува новости, агрегирани од голем број на извори и голем број на теми, односно при отворање на Edge прелистувачот, на msn.com и на нивната прилично нова Microsoft News апликација.

Содржината која се прикажува на овие страни и сервиси е проверувана и избирана од страна на новинари и уредници, но како што веќе одреден период се знае за овој вид на работни места, тие ќе бидат заменети и веќе нема да бидат потребни да работат во Microsoft.

Од компанијата ќе бидат отпуштени десетици новинари и уредници кои имаат работено во msn.com, како и Microsoft News. Нивната работа ќе биде заменета со систем од вештачка интелигенција кој ќе ја врши проверката на статиите и ќе бира кои да бидат објавени, односно прикажани за читателите.

Според неофицијални информации, од Microsoft планираат да отпуштат околу 50 работници во САД и уште 27 во Британија.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаНовиот HUAWEI Y5p доаѓа со FullView дисплеј и дизајн во бои
Следна статијаВработени во Facebook ја критикуваат одлуката на Закерберг да не ги проверува објавите на Доналд Трамп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.