Викендов во Скопје, се одржа државното првенство во карате за сениори/ки, во поединечна и екипна конкуренција, во дисциплините борби и кати. Ова Државно првенство е критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец Март треба да настапи на Европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

Првиот ден, беше Државното првенство, а вториот ден плеј оф турнир, каде што во секоја тежинска категорија најдобрите четворица имаа борби секој со секого.

Првиот ден на Државното првенство во Генерален пласман, по број на освоени медали најуспешен клуб е Макпетрол – Скопје

Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство. Викендов во Скопје каратистите на Макпетрол освоија 12 медали од кои 7 златни, 1 сребрен и 4 бронзени. На втората позиција е Олимпик од Скопје.

 Државни прваци станаа:

  • Сара Радичевска -50 кг,
  • Симона Заборска -55 кг,
  • Ангела Мојсовска -68 кг,
  • Екипно жени борби во состав (Симона Заборска, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровска),
  • Абдурахим Идризи -60 кг ,
  • Машкиот тим во борби (Заборски, Спасеновски, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков). 

Сребрениот медал го освои Петар Спасеновски во категоријата -84 кг, а бронзите за Моника Пендаровска -61 кг, Петар Заборски -75 кг и Глигор Петков -84 кг.

И во плеј оф-от државните прваци триумфираа, само Петар Заборски го симна Ненад Ќелебиќ од пиедесталот.

Вториот ден се одржаа Плеј оф борбите. Вториот ден екипата на Макпетрол ги потврди сите први места од првиот ден и дополнително прваци станаа Петар Заборски и Петар Спасеновски, но имавме реални шанси за прво место и на Моника Пендаровска во категорија -61 кг.

Најинтересни и неизвесни беа борбите во категоријата -75 кг. Во оваа тежинска категорија првото место му припадна на Петар Заборски. Ненад Келебич не успеа да се задржи на првата позиција. Тој потклекна и забележа два порази и со тоа го загуби првото место.

Петар Заборски каратистот на Макпетрол го потврди својот квалитет победувајќи го Ненад Келебич со 8-0, Мурсел Мисини со 2-0, и во директниот дуел во третата борба беше подобар и со европскиот првак Дуан Османи. Заборски беше подобар и победи со 3-3 предност на прв освоен поен.

Исто така Макпетрол како клуб имаше можност да ја освои и категоријата на -84 кг. Тука имаше големи неизвесности помеѓу Берат Јакупи и спортистот на Макпетрол, Петар Спасеновски кој го освои првото место во плеј оф турнирот. Сега останува селекторот Сашко Арсовски да се одлучи дали ќе му даде шанса на помладиот спортист кој минатата година беше европски првак и заврши и како прв на светската ВКФ ранг листа. Тоа што е карактеристично сите прваци вториот ден на плеј оф-от ги потврдија убедливо своите пласмани и во директни дуели со што најдобрите повторно станаа први.

Многу сме задоволни од постигнатиот резултат. Нашите спортисти во секоја тежинска категорија, а ги има вкупно 10,  атакуваа на првите позиции. Ние успеавме да направиме одличен резултат. Освоивме вкупно 8 златни медали и тоа е податок кој зборува дека навистина на ова првенство бевме доминантни. Во моментов имаме генерација и тим како никогаш до сега и во машка и во женска конкуренција. Тимот е млад сплотен работи секојдневно по два пати и се подржува максимално. Ова е најуспешна година. Први сме и во екипна конкуренција, машки и женски тим во борби“.кажа тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Претходна статијаInstagram го тргна IGTV копчето од својата апликација поради слабо користење од страна на корисниците
Следна статијаМетодија Мирчев е назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија