Рики Џерваис на Златен Глобус. По петти пат водител на Златен Глобус, зачудувачки е како уште го викаат да ја предводи оваа церемонија. Особено во време кога луѓето се преосетливи за темите за кои зборува Џерваис. Како што Рики вели во неговиот монолог, Кевин Харт беше отпуштен од Оскарите поради еден твит, а него продолжуваат да го канат и покрај тоа што ги изроуста скоро сите што работат во Холивуд.

Говорот на Рики беше феноменален, никогаш не разочарува на Златниот Глобус. Чепна од се по малку. Апсурдноста на барање за поголем диверзитет во Холивуд („Размислувавме за Ин Меморирам делот, но одлучив да не одиме со тој сегмент, бидејќи немаше доволно диверзитет“). Се шегуваше за Леонардо Ди Каприо и неговиот лајфстајл („Тој беше на премиерата на Си беше еднаш во Холивуд. Кога заврши филмот, неговата придружничка веќе беше престара за него.“). Како шлаг на тортата, се зезаше и на традицијата на држење политички говори на сцена („Повеќето од вас имаат поминато помалку време на школо од Грета Тунберг.“). Можам да го слушам цел ден.

https://www.youtube.com/watch?v=fHKBE_T5Ll8

Напис што го читам на почетокот на секоја нова година

6 сурови вистини што ќе те направат подобар човек. Написов се наоѓа на Cracked, вебсајт на кој не очекуваш да наидеш на вакви мудрости. Сепак, ова е еден од подобрите блог постови што некогаш сум ги прочитал, и содржи повеќе размисли што те тераат да се запрашаш што правиш со својот живот и каде можеш да се подобриш. Текстот ме натера да ја прочитам и книгата на авторот на текстот (Дејвид Вонг), Џон умира на крајот, што е напишана во сличен и интересен стил.

Видео што ја претскажува иднината

Deepfake Roundtable: Cruise, Downey Jr., Lucas & More. Толку се добро симнати ликовиве, што на прва не можеш да препознаеш дека се работи за компјутерски генерирани лица влепени на телата на глумци. Гестикулациите и гласовите на глумците се феноменални. Се прашувам колку вакви видеа ќе се појавуваат за години од денес, што ќе се претставуваат како вистински.

Претходна статијаКој води во „трката“ за вештачка интелегенција: САД, Кина или ЕУ?
Следна статијаThe Witcher: Одлична серија, со неколку маани