Apple во текот на оваа недела достигна пазарна вредност од 1 трилион долари. Тоа ја прави првата компанија во САД која ја има достигнато оваа вредност, а првата во светот е кинеската PetroChina.

Главната причина за растот на вредноста на Apple е финансискиот извештај кој од компанијата го објавија кој ги има надминато очекувањата на компанијата, како и на финансиските аналитичари. Покрај тоа, очекувањата и за периодот што следи се оптимистички, благо кажано, па вредноста на акцијата на компанијата достигна вредност од 207,05 долари, што беше доволно за да се помине границата од 1 трилион долари пазарна вредност.

Се разбира, оваа вредност како што може да продолжи да расте, може и да се намали, односно се зависи од вредноста на акциите на пазарот на хартии од вредност, а тоа е нешто што тешко се предвидува и цело време варира.

Исто така, Apple не ја достигна оваа вредност нагло, односно вредноста на компанијата веќе беше во близина на 1 трилион, па новоста е само дека „границата“ е успешно помината.

За оваа есен Apple се очекува да претстави три нови iPhone модели кои ќе бидат направени во стилот на iPhone X, односно сите модели од компанијата сега ќе имаат исечок на горниот дел од екранот. Цените на овие уреди се очекува да бидат нешто намалени, па очекувањата се дека Apple ќе успее да направи одлични продажби до крајот на годината.

Претходна статијаТотал ТВ стана нов Трговски Партнер на Cashback World
Следна статијаSamsung случајно објави промотивно видео за Galaxy Note 9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.