Оскаровецот Стивен Содерберг го претстави своето последно остварување комплетно снимено со помош на iPhone мобилни телефони. Драма-трилерот „Unsane“, барем судејќи по трејлерот делува како и секој друг филм сниман со професионална опрема. Содерберг се прослави со комедијата „Logan Lucky“, популарниот „Ocean’s Eleven“ и драмата „Erin Brokovich“.

Филмот разработува приказна за жена која е жртва на т.н. stalker. Бегајќи од него завршува во психијатриска установа, а остатокот можете да го погодите. Главната улога во филмот ја толкува Клер Фој. Меѓутоа она што е интересно во врска со Unsane е начинот на кој е настанат. Имено, за неговото снимање биле користени само мобилни телефони од марката iPhone. Како што е познато овие уреди имаат можност да снимаат со квалитет на сликата од 4К.

Просечниот гледач би го одгледал филмот и воопшто не би забележал дека истиот е сниман со нестандардна опрема. Режисерот на филмот вели дека ова е неверојатно искуство. Тој верува дека снимањето со мобилен телефон ќе стане пракса во скоро време. Претходно низа актуелни филмови беа снимани со постари модели на iPhone. Добар дел од нив се и добитници на престижни награди како „TheFloridaProjdect“ кој лани доби оскар во една од конкуренциите. Unsane ќе се појави во кината во САД некаде во април годинава.

Извори: TechRadar, FastCompanyIMDB

Претходна статијаValve или Electronic Arts ќе го засили гејминг департманот на Microsoft?
Следна статијаLambda School не наплаќа за својата едукација додека не најдете работа од барем 50.000 долари