Напредокот на технологијата покрај тоа што овозможи телевизори со висока резолуција, таа донесе и повеќе можности за прилагодување на сликата при гледање, додавање на филтри и ефекти, кои треба да го подобрат корисничкото искуство при гледање.

Сепак, како што не ретко се покажува случајот, не секогаш ваквите можности донесуваат само подобрувања. Доколку се искористат повеќето можности кои ги нуди телевизорот, обично доаѓа до доволна промена на сликата, па изминатите години продукциските куќи почнаа да предупредуваат дека корисниците не ја гледаат содржина како што таа била замислена и креирана од нивна страна.

Дури и Том Круз со режисерот на Mission: Impossible – Fallout, Крис Мекваер, излегоа со критика за начинот на којшто се гледаат филмовите, па препорачаа да корисниците ја исклучат „Motion Smoothing“ функцијата која е достапна кај сите нови телевизори и во главно е замислена повеќе за гледање на спортска содржина, а не филмови.

Со цел решавање на овој „проблем“, UHD Alliance, организација составена од повеќе од 40 членови од филмската индустрија, производители на телевизори, ИТ компании и слично, најавија стандардизирање на прилагодувањата при гледање на филмови преку „Filmmaker Mode“.

Овој режим, нешто слично како што повеќето телевизори денес имаат спортски режим, ќе ја прилагоди сликата соодветно за да се добие најдоброто можно искуство при гледање на ваква содржина. Како прво, овој режим ќе ја нема вклучено веќе озогласената функција „motion smoothing“.

Filmmaker Mode е замислено да се вклучува автоматски, преку мал код којшто ќе го има кај филмовите и сериите, а исто така се планира и посебно копче на далечинскиот управувач кај телевизорите со цел да не мора корисниците да го бараат низ прилагодувањата.

Со оглед на тоа што членови на организацијата се поголемиот дел од големите производители, може да се очекува дека во годините што следат, сите нови телевизори ќе имаат прилагодување кое е специјално направено за подобро филмско искуство.

ИЗВОРUHD Alliance
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаHuawei го воведува првиот во светот 5G Kirin 990, на кој е заснована новата серија Mate 30
Следна статијаИАБ панел-дискусија: Дигиталните буџети мора да растат соодветно на важноста која ја имаат дигиталните медиуми
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.