Tom Cruise arriving for the Rock Of Ages Premiere, Odeon Leicester Square, London. 10/06/2012 Picture by: Alexandra Glen / Featureflash

Том Круз изгледа ќе биде првиот вселенски турист, ако немаме пропуштено некоја информација за друг таков човек. Тој во соработка со NASA и Space X ќе полета на Crew Dragon капсулата, на Falcon ракетата од Space X и ќе престојува на Меѓународната Вселенска Станица.

Летот е одобрен и планиран за октомври 2021 година, а заедно со Том Круз и секако пилотите од NASA, ќе биде и режисерот на филмот којшто треба да се снима на МВС.

Повеќе информации поврзани со филмот нема, но уште е рано, а сигурно полека ќе почнат да излегуваат повеќе видови на информации.

Од NASA истакнуваат дека со вакви летови се надеваат дека ќе се зголеми популарноста на вселенските мисии, а со тоа и ќе ги инспирираат новите генерации на инженери и научници.

Инаку, Crew Dragon капсулата од Space X беше таа која се користеше за првото превезување на астронаути во вселената од страна на Space X, а и генерално од страна на приватна компанија. Тоа беше голем успех за компанијата на Елон Маск и генерално за американската вселенска програма која долги години зависеше од лансирање на екипаж со помош од Русија.

ИЗВОРDaily Mail
Претходна статијаBorat 2 е веќе снимен и ќе се прикажува на Amazon Prime Video на крајот од октомври
Следна статијаAirbus претстави три концепт авиони со погон на водород кои треба да бидат пуштени до 2035 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.