Новата криминалистичка серија Кралот (The King, 2022. – ) на 15 јули пристигнува на Pickbox NOW. Свежа и остра, оваа италијанска затворска драма ги надминува жанровите за да раскаже за комплексниот начин на борбата со злобните сили.

Серијата се заснова на идејата на италијанскиот актер од А-листата Лука Ѕингарети, најпознат како главен лик во италијанската серија “Инспектор Монталбано“.

Откако играше симпатичен Сицилијанец кој се бори против мафијата во „Монталбано“, Ѕингарети сакаше да направи серија сместена во италијански затвор со максимална безбедност и да глуми лик кој е шеф на овој затвор“, рече продуцентот на серијата Кралот (The King), Лоренцо Миели.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Бруно Тестори (Ѕингарети) е управник на затворот кој својата лична идеја за правда ја применува во својот затвор, додека надвор од него неговиот живот е далеку од уреден. Затворот, кој се наоѓа во неодредена италијанска гранична зона која не подлежи на италијанскиот закон, е полн со закоравени криминалци од сите видови. Кога неговото кралство неочекувано ќе се најде под закана, тој се наоѓа во најтешката војна во својот живот.

„Бидејќи Бруно е чувар на овие зли луѓе, тој мора да преговара со злото. Само така може да се обиде да ги држи работите под контрола. Но, тоа исто така предизвикува Тестори да ризикува и да го изгуби умот“.

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ПРЕГОВАРА СО ЗЛОТО?

Прашањата кои сака да ги постави оваа серија се – може ли и дали воопшто треба да се преговара со злото? Колку далеку може да се оди во тоа? Ова е елемент од приказната кој го поттикна Ѕингарети на идејата за првата италијанска затворска серија.

Кралот (The King) ги надминува класичните конвенции на затворска драма зашто постои поширока приказна која има врска со начинот на кој Италија се бори со тероризмот и неговите последици во затворите, како и со врската помеѓу превенција на тероризмот и италијанските тајни служби. Иако приказната е измислена, има јасни елементи на автентичност.

Покрај Ѕингарети, актерската екипа ја сочинуваат Изабела Рагонесе како затворската полициска агентка, Ана Бонајуто како обвинителката која ја истражува мрежата на илегални соработници која води назад до Тестори, Барбора Бобулова како бившата сопруга на Тестори и Џорџо Колањели како затворскиот управник.

Феноменалната италијанска крими серија Кралот (The King) гледајте ја само на Pickbox NOW од 15 јули.

Претходна статијаАЕТМ и ДЗС во заедничка иницијатива за подобрување на квалитетот на статистичките податоци за е-трговијата во Македонија
Следна статијаОбјавени документи за прекршување на законите од страна на Uber, лобирање кај политичари и уништување на докази при полициски проверки