Еден од најпознатите филмови на сите времиња, Terminator, ќе стане достапен и во форма на анимирана серија која ќе биде пуштена наскоро на Netflix. Кога точно може да се очекува, не е познато, како и повеќето детали околу приказната.

Тоа што е познато е дека серијата ќе биде во продукција од страна на јапонското студио за анимација Production IG, а достапна е и кратка видео најава.

Од тоа што може да се најде како информација, дејствието на серијата започнува во 2022 година кога светот веќе функционира со мал број на преживеани луѓе од нападот на „машините“. 1997 е годината кога познатиот Skynet ја добива својата свесност и ја започнува војната со луѓето.

Како што е карактеристично за филмовите, така и во серијата имаме војник од иднината кој е испратен во минатото да заштити некого, во овој случај научникот Малколм Ли кој развива нов ВИ систем кој треба да го спречи Skynet.

Ќе видиме наскоро за каква точно серија се работи, односно дали ќе вреди за фановите на Terminator да ја гледаат.

Netflix го најави пуштањето на оваа нова серија во рамките на Geeked Weekend настанот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Variety
Претходна статијаКое е следното ниво кон иднина без чад?
Следна статијаУчилиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.