Две сезони од новата научно-фантастична крими серија стигнаа на Pickbox NOW. Се работи за одличната серија „По трагата на сеќавањето“ (Stitchers). Нејзината посебност е фактот дека би можела да им се допадне дури и на оние што не се најголеми љубители на научната фантастика – серијата е проткаена со хумор, драма, романса и мистерија.

ВШИЕНА ВО МЕМОРЈАТА НА ПОЧИНАТИТЕ

Премисата на оваа НФ приказна се врти околу Кирстен Кларк (Ема Ишта), девојка што е регрутирана во владина агенција за да ја “вшијат“ во умовите на луѓето кои неодамна починале и така да ги истражат убиствата и мистериите кои инаку би останале нерешени.

Брилијантниот невронаучник д-р Камерон Гудкин (Кајл Херис), ѝ помага на Кирстен во тајната програма на чело со Меги Баптист (Сали Ричардсон-Витфилд), вешта тајна оперативка. Со нив во тајната програма се и инженерот по биоелектроника Линус Алувалија (Ритеш Раџан), како и Камил (Алисон Скалиоти), цимерка на Кирстен и студентка по информатика која е регрутирана да ѝ помогне на Кирстен.

Кирстен страда од измислено нарушување, темпорална дисплазија, состојба која ѝ оневозможува перцепција на течење на времето. Таа е особено интелигентна, но нејзината состојба ја прави социјално неприспособена – тешко ѝ е да создава емотивни врски и не е способна да ги сфати социјално прифатливите однесувања.

СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО

Неверојатна технологија, хумор, интелигенција, генијални ликови, одлични актери и интересна приказна – што може човек да посака повеќе! Двете сезони на научно фантастичната серија По трагата на сеќавањето“  гледајте ги на Pickbox NOW

Претходна статијаНовата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје
Следна статијаPuffin OS е оперативен систем за паметните телефони кој работи преку облакот