Животната мисија започна. Талентираните пробни пилоти ги одбрала НАСА да бидат првите Американци во вселената. И додека тие се подготвуваат за најголемиот потфат во своите кариери, нивните сопруги им се најголема поддршка и тие заедно со своите мажи се подготвуваат за сосема нова страница во своите животи.

Приватниот живот продаден за 500 илјади долари

Приказната настанала според вистински настан кога НАСА во 1959 година одбрала група астронаути за нова вселенска мисија. Иако НАСА планирала отворен конкурс за своите астронаути, претседателот Ајзенхауер инсистирал кандидатите да бидат тестирани пилоти. Интересен е податокот дека поради малиот простор во вселенското летало Меркури, кандидатите не смееле да бидат повисоки до 180 см  ниту потешки од 82 кг,  а морале да бидат и помлади од 40 години.

Во август 1959 година астронаутите и нивните сопруги потпишале договор со магазинот Лајф за 500.000 долари, а за возврат тие имале ексклузивен пристап до нивните приватни животи, домови и семејства. Членовите на групата летале на сите класи од вселенските летата на НАСА од 20-тиот век, Меркури, Џемини, Аполо и Спејс шатл. Гас Грисон умрел во 1967 г. во пожарот што го зафатил Аполо 1. Останатите доживеале пензија. Џон Глен станал американски сенатор на државата Охајо а во 1998 г., на свои 77 години, бил најстариот човек во вселената, полетувајќи со ракетата Дискавери. Сите седум астронаути денес веќе не се живи.

Поминаа 59 години откога на светот му ги претставија седумтемина мажи како „оригиналните седум“, првата група астронаути кои станаа американска сензација преку ноќ и заедно со своите сопруги стекнаа статус на кралско семејство, додека пиењето чај со Џеки Кенеди им беше секојдневие. Сите епизоди на серијата која ја пишува историјата – погледнете ги на Пикбокс.

Главните актери во серијата

Во првата епизода веднаш ќе го запознаеме клубот на сопругите на астронаутите. Луиз (Доминик Мекелигот) е решителна жена на Ален Шепард (Дезмонд Харингтон). Добрата и тивка Ани (Азур Парсонс) е сопруга на Џон Глен (Сем Рид). Рене (Ивон Страховски) е привлечна и комуникативна жена на Скот Карпентер (Вилсон Бетел). Труди (Одет Анабле) е омажена за Гордон Купер (Брет Харисон), додека Марџ (Ерин Камингс), сопругата на Дики Слејтон (Кенет Мичел), се бори да скрие некои работи од новинарите. Секогаш веселата Бети (Џоана Гарсија Свишер) е среќно омажена за Гас Грисом (Џоел Џонстон), а Џо (Зои Бојл) е непрестајна поддршка за својот сопруг Воли Шири (Арон Меккаскер).

До неодамна целосни туѓинки, сопругите на астронаутите несебично застануваат зад своите мажи, а меѓу жените полека се гради врска и однос кој само тие можат да го разберат.  Првиот астронаут што ќе биде лансиран во вселената е Ален Шепард, а жена му Луиз прави сè за да се фати во костец со своите обврски како сопруга на национален херој – како што тогаш ги викале седумте астронаути. Тогаш другите сопруги ѝ доаѓаат на помош…

Комплетната сезона е достапна на Пикбокс, а доколку не сте пријавени – искористете го пробниот период од 30 дена во кој можете да ја гледате целосната содржина сосема бесплатно.

Претходна статијаПриходите од мобилните апликации се зголемени за 28% од лани – App Store го задржува водството од скоро дупло повеќе приходи од Play Store
Следна статијаMicrosoft и Walmart склучија договор за соработка во обид за подобра конкуренција против Amazon