billions-1

Целиот свет сигурно не е е во заблуда кога смета дека серијата Милијарди (Billions) е една од најдобрите годинава. Проверете зошто на серијата која „Шоутајм“ ја пушти во светот на почетокот на годинава само ѝ расте бројот на гледачите и следете ги новите епизоди на Pickbox тазе од Америка.

  1. Затоа што во неа играат Пол Џијамати и Демијан Луис

Талентот не можеме да го мериме со единици-мерки, но да можеме, во оваа серија не би го мереле на килограми, туку на тони. Исклучителноста на играта на Демијан Луис (познат и според улогата на маринецот Николас Броди во „Татковина“) и на Пол Џијамати (познат од кратката серија „Џон Адамс“ и филмот „Странично“) може да се мери во тони, но и во „Златни глобуси“. Ако сте ја гледале Татковина, ќе знаете што зборуваме. Ако не сте ја гледале, гледајте ја серијата Милијарди. „Шоутајм“ не му даде уште една главна улога во своја серија на Демијан Луис за џабе.

  1. Затоа што се работи за навистина прекрасна приказна

За да може еден човек да стане милијардер, освен среќа и способност, потребни му се и малку сплетки и подготвеност за малверзации. Затоа и не е секој милијардер. Свесен за тој факт, познатиот њујоршки адвокат, кој досега во затвор ставил еден куп криминалци, одлучил истото тоа да го направи и со иконата на богатството и крал на финансиските пазари, Боби Екслрод. Зошто? Па затоа што мисли дека тие пари не ги стекнал со чесна работа, туку со криминал.

  1. Затоа што можете да научите многу за финансискиот пазар

Секако дека не сте крал на инвестициските фондови, но како и на сите, парите не ви се омразени. Парите го имаат она нешто што е посебно. За нив се раскажува, без нив не се може, а некои многу способни и користољубиви луѓе поради нив се моќни. Уште од „Волкот од Вол стрит“ (филм за којшто Леонардо ди Каприо не освои „Оскар“), гледачите многу сакаат да зборуваат за бескрупулозниот свет на финансиите, а ова е уште подобро од филмот затоа што трае подолго и навлегува подлабоко во светот на политиката и моќта.

  1. Затоа што бројот на гледачи на серијата се удвојува со секоја следна епизода

Ги знаете оние серии за кои сите знаат освен вие, што сите ги гледале па раскажуваат за некојси Боби, а вие немате поим кој е Боби и зошто сега го брка некојси Чак? Милијарди е серија за која се раскажува целата оваа година, а ако уште не сте го сториле тоа, мора да дознаете зошто сите зборуваат дека Пол Џијамати сака садо-мазо.

  1. Затоа што на Pickbox може да се гледа веднаш по американската премиера

Секако дека е убаво да ги бингувате сериите и сѐ што е снимено да изгледате за пет ноќи. Но, кога се работи за нова серија и кога премиерно еднаш неделно пристигнуваат епизодите една по една, возбудливо е секој понеделник да очекувате нова епизода.

  1. Затоа што тука се Малин Акерман и Меги Сиф

Зад секој успешен маж стои успешна жена и обратно. Исто така, зад Боби Екс Екслрод и зад Чак Роудс стојат жени кои за своето „јас“ се борат жестоко како лавици. Сопругата на Екс ја игра убавата Скандинавка Малин Акерман (позната и по главната улога во ситкомот Трофејна жена), а жената на адвокатот ја игра Меги Сиф (Момчињата од Медисон, Синови на анархијата). Секако дека работите стануваат напнати кога Чак од својата жена, која работи кај Екс, бара да даде отказ. Таа нему убаво ќе му рече дека треба тој да даде отказ, а не таа. Така треба. Напнато е не само на работа туку и дома.

  1. Добрата серија нема да ве убие

Сигурно веќе сте се заситиле од Игра на тронови и од напнатоста кој Старк е следниот што Г.Р.Р. Мартин ќе го убие. Тука нема такво нешто, успокојте се. Тука се жонглира со моќта и со опасните зборови, а не со човечки глави. Ако посакувате серија што е навистина поинаква од сите други што моментално се нудат и која е лишена од клишеа и од нам веќе познатите дејства, Милијарди е за вас.

Со еден клик до Милијарди

Претходна статијаКабина која се откачува како спас при авионски несреќи
Следна статијаFacebook реклами ќе има и во Messenger?