Ако веќе го гледавте најновото продолжение на Невозможна мисија (ако не, тогаш што чекате?), сигурно сте ги приметиле епските мустаќи на Хенри Кавил. Но, покрај беспрекорната нега која им е пружена, сагата околу неговите – сега славни -мустаќи предизвика турбуленции и непријатности за Ворнер Брос, студиото задолжено за филмот Justice League, во кој Кавил го глуми Супермен.

Имено, за потребите на снимањето на Невозможна мисија, Кавил морал да израсне густ мустаќ (што го направил одлично, мора да се признае). Тоа го направил по крајот на снимањето на Justice League. Меѓутоа, тимот позади Justice League имал потреба од преснимувања во кои требало да учествува и Кавил. А Супермен не е познат по тоа што има мустаќи.

Така започнува сагата околу тоа кој филм има предност. Дали Невозможна мисија треба да трпи поради потребните измени во снимањето на Лига на правдата? Ворнер Брос дури и им понудиле на Парамаунт (студиото зад Невозможна мисија) да го плати потребниот износ кој би бил потребен за олеснување на главоболките кои би ги предизвикало бричењето на мустаќите на Хенри Кавил (сума од 3 милиони долари).

Меѓутоа, Парамаунт одбиле да го прифатат овој предлог и одлучиле да продолжат со планираниот распоред. Тоа ги приморало Ворнер Брос да посегнат по специјални ефекти и дигитално да ги отстранат мустаќите на Кавил. Е, тоа најверојатно ќе биде запаматено како една од најголемите утки направени во снимањето на филмови со суперхерои. Подолу е actual дел од сцена од Лига на правдата….каква катастрофа.

Image result for henry cavill moustache fallout vs league of justice

Кога ќе се сетам дека платиле милиони долари за ова… нешто!

Или погледнете ја оваа сцена од филмот.

Некаде во текот на снимањето на Невозможна мисија 6, Том Круз го скршил зглобот на ногата скокајќи од една на друга зграда. Тоа значи дека да почекале некое време, Ворнер Брос ќе го добиеле Кавил назад без да треба да платат ниту долар.

Сепак, ние гледачите, од една страна, добивме можност да се ситиме на најгротескниот визуелен ефект во еден филмски блокбастер. Од друга страна, можеме да го гледаме и спекатуларниот мустаќ на Кавил во Последици. Да гледаме на позитивната страна.

Претходна статијаFacebook ја оценува и доверливоста на корисниците на мрежата, а не само на страните кои објавуваат новости
Следна статијаНатпреварот Next Image за избор на најдобра фотографија направена со мобилен телефон продолжен до утре на полноќ