29.11. е денот Д на „Пикбокс“.

Премиерата на продолжението на петтата сезона на „Викинзи“ ‒  ексклузивно на „Пикбокс“, веднаш по светската премиера со официјалниот слоган „Нурнете во темнината“.

Во последната епизода на петтата сезона од епската историска серија, најголемите фанови знаат дека Ивар го освои Категат, главниот град и најважното викиншко пристаниште. Ги победи Лагерта, Бјорн и Убе, кои бегаат од Категат пред Ивар.

Ако успеавте да ја видите напнатата најава за сезоната 5Б, сигурно се прашавте што ќе се случи во најновите епизоди од серијата, која милиони обожаватели во светот ревносно ја следат?

Зашто, Ивар се зарече дека ќе ја убие Лагерта,  ‒ таа ја уби мајка му, кралицата Аслуг  – што е разбирливо. Затоа е неизвесно дали Лагерта ќе настрада, а Ивар ќе стане крал на Категат.

Досега се покажа како исклучително способен војсководец, но и како свиреп човек. Што веднаш укажува на фактот дека во новата сезона нема да недостигаат бруталност, крв и сурови борби.

Ќе се случат страшни работи…

И додека петтата сезона на „Викинзи“ си игра со идејата на политичката приврзаност, со склучувањето и прекршувањето на сојузнички договори, но и со гледањето на сопствената корист на штета на општествената, сценаристот, режисер и автор на „Викинзи“, Мајкл Хирст, откри како поради тоа ќе имаме интересна, напната и динамична сезона во која нема да недостига добра приказна:

„Има многу приказни. Многу работи се случуваат во сезоната кои го подражаваат вистинскиот начин на функционирање на викиншкото општество. Треба да се има предвид и тоа дека во тој период немало посебни држави, туку само мали, независни кралства кои постојано војувале.“

За четвртата и петтата сезона е заеднички фокусот врз семејството на Рагнар, но во продолжениоето на петтата сезона ги наоѓаме поделени, завојувани и скарани.
Последната сцена од петтата сезона завршува со кадарот во кој Роло впловува во пристаништето во Категат со војската. Едно од најважните прашања е зошто се враќа во земјата во која сите го сметаат за предавник? Хирст ја разбуди фантазијата на фановите и откри дека во сезоната 5Б ќе умрат важни ликови: „Ќе се случат брилијантни работи со братот на Алфред и со мајка му, но ќе има и страшни работи; сепак, ќе преживее, секогаш преживаува сѐ“.

Во најава е и шестата сезона на историската серија, а режисер на една од епизодите ќе биде ѕвездата на серијата, Катерин Виник (кралицата Лагерта), што ќе ѝ биде режисерско деби.
Следете ги премиерно најновите продолженија на петтата сезона од 29.11. на „Пикбокс“.

Претходна статијаПо што се разликува Black Friday во Македонија и во Америка
Следна статијаThe Boring Company на Елон Маск го заврши копањето на првиот тунел