СЕРИОЗНО, АКО НЕ СТЕ ГО ГЛЕДАЛЕ (А САКАТЕ), НЕ ПРОДОЛЖУВАЈТЕ СО ЧИТАЊЕ.

Најновото продолжение на Avengers (Infinity War), е еден од најдобрите филмови кои ги произвел Марвел. Филмот е полн со спектакуларни акциони сцени и визуелни ефекти, но и добро развиени ликови. И покрај тоа што во филмот се вметнати сите суперхерои кои имаа посебни филмови (освен некои помалку корисни како Hawkeye), филмот не пати поради тоа.

Напротив, тоа го прави уште поинтересен, од причина што гледаме интеракција и авантури помеѓу ликови што за прв пат се запознаваат (пр. Тони Старк и Старлорд, Тор и Ракун).

Главниот негативец (Танос) е најопасниот Марвел негативец досега. Во филмот, тој е во потрага по 6-те камени на бесконечноста кои ќе му овозможат инстантно да го оствари она што го зацртал: уништување на животот во универзумот.

На почетокот сме запознаени со моќта на Танос. Тој го пресретнал вселенскиот брод во кој се наоѓаа Тор, Локи и сите луѓе од Асгард кои беа спасени во Тор: Рагнарок. Првата сцена покажува дека од сите тие луѓе, преживеани се само Тор, Локи и Хајмдал (кој за кратко е убиен од Танос).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ бр. 2: СПОЈЛЕРИ ARE COMING

Кон крајот на филмот, Танос успева да ги собере сите камења. Притоа, тој на почетокот го убива Локи, а подоцна и Гамора (жртва која мораше да ја принесе за да го земе и „каменот на душата“).

Сепак, најбомбастичната и шокантна сцена доаѓа на крајот од филмот. Откако ќе ги собере сите камења, Танос се соочува со Тор, кој со помош на својот нов и pimped-оut магичен чекан успева да го совлада Танос.

Но, пред да биде уништен, Танос го притиска „црвеното копче“ со што почнува уништувањето на животот низ универзумот. Луѓето одеднаш почнуваат да исчезнуваат и да се претвораат во прашина. Од тоа не се поштедени ниту суперхероите. Спајдермен, Црниот Пантер, Scarlet Witch, Старлорд, Баки (најдобриот другар на Капетан Америка) се претворени во прашина.

Емоционалниот набој кој оваа сцена го има е несомнен. Гледајќи ги ликовите кои што сме ги запознале изминативе години како „умираат“ е трогателно. Меѓутоа, тешко е да се верува дека епилогот навистина ќе биде тој. Сите тие суперхерои имаат свои филмови кои што ќе имаат нови продолженија во наредниве години. Црниот Пантер е еден од најпрофитабилните филмови на Марвел. Освежувањето на серијалот Спајдермен беше исто така многу успешно.

Оттаму, веројатно во наредниот дел повеќето (ако не сите) од овие ликови ќе бидат вратени во живот. Останува да видиме што ќе биде потребно за тоа да се случи.

Претходна статијаКомпанијата Singular со номинација за најиновативен софтвер во iGaming индустријата
Следна статијаИван Чорбев, декан: Нашите студенти лесно и брзо се вработуваат во македонски и познати светски компании