Моќната драмска серија Викинзи (Vikings) од канадско-ирска продукција ја следиме веќе неколку години и во моментов уживаме во борбите и скандалите во вториот дел од петтата сезона што ја гледаме на Пикбокс. Но знаеме и дека нашите херои полека одат кон крајот на својата авантура.

ВО БОРБА ЗА БОГОВИТЕ

Стигна веста дека шестата сезона, која во моментов се снима во Ирска, истовремено ќе биде и последна. Првиот дел од шестата сезона би требало да се емитува во текот на есента 2019 г., додека вториот дел од последната сезона би требало да се емитува во првата половина на 2020 година. Во најновиот тизер што имаме шанса да го гледаме, викинзите се подготвуваат за нов напад, не само во свое име туку и во име на боговите, што ќе ги израдува обожавателите на нордиската митологија. Да се потсетиме, викинзите долго и посветено се држеле до своите верувања во нордиските богови како што се врховниот бог Один, Тор, Локи, Фреја…

https://youtu.be/oLuFVhHbMX4

СÈ ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА

Шестата сезона на „Викинзи“ во моментов се снима во округот Виклоу во Ирска. Сценарист и продуцент и понатаму е авторот на серијата Мајкл Херст, кој во последната сезона ни подготви 20 епизоди – колку што е и бројот на епизоди во претходните сезони.

Херст ни вети побрутална акција на којашто, како загрижени фанови, можеме однапред да ѝ се радуваме. За дејството во последната сезона не се знае многу, но она што успеавме да го откриеме ни кажува дека ќе гледаме како нашите викинзи патуваат преку Европа кон Русија, а можеби дури и кон Кина, а и како Ивар Бескостниот, кого го игра данскиот актер Алекс Хег Андерсен, остава своја трага откако бега од Категат.

Интересна информација е и дека Кетрин Виник, која ја игра воинката Лагерта, во последната сезона ќе преземе една сосема нова улога – режисерската. Популарната актерка ќе режира една од епизодите, што ќе биде нејзино режисерско деби.

Со нетрпение ја чекаме шестата и последна сезона на „Викинзи“, а дотогаш сите сезони можат да се гледаат на Пикбокс!

Претходна статијаМакпетрол АД добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“
Следна статијаTesla ќе ги предупредува возачите кои не планираат да застанат на црвено светло