Денот на вљубените се наближува, а на домашната стриминг услуга Pickbox пристигнуваат многу нови романтични филмови за Денот на вљубените.

Од 11.2. на Pickbox пристигнуваат повеќе од десет романтични комедии и љубовни приказни, како и една шпанска романтична кратка серија – Скриено во нејзините очи (Lo que escondian sus ojos) (2016). Освен романтиката, пристигнуваат и супер филмови како техно-трилерот Круг (The Circle) (2017) со Ема Вотсон и со Том Хенк во главните улоги. Без разлика дали сте сами или со својата подобра половина, ви препорачуваме еден куп љубов во облик на супер филмови и серии со кои ќе можете да се засладите на овој Ден на вљубените.

НОВИ РОМАНТИЧНИ ФИЛМОВИ

Во симпатичниот романтичен филм Љубов на Св. Валентин(Very, Very Valentine) (2018)Хелен (Даница Мекелар) запознава еден прекрасен таинствен маж (Дејмон Ранјон) на маскенбал. Таа и нејзиниот пријател Хенри (Камерон Метисон) одлучуваат да го најдат – и тука започнува авантурата!

Вљубување во Вермонт (Falling for Vermont) (2017) е романтичен филм во кој една позната писателка добива амнезија поради сообраќајната несреќа што ја доживеала. Таа наоѓа спас во прегратките на еден локален лекар во едно мало идилично гратче во Вермонт.

Мојата голема дебела балканска свадба (My Big Fat Balkan Wedding) (2012) е германска романтична комедија за љубовната двојка Хрвоје и Лиса. Кога мајката на Хрвоје посакува традиционална свадба во Хрватска, работите стануваат урнебесни.

НОВИ СУПЕР ФИЛМОВИ

Круг (The Circle) (2017) е напнат техно-трилер со Ема Вотсон и со Том Хенкс во главните улоги. Меј (Ема Вотсон) ја добива работата од своите соништа во моќната компанија со име „Круг“. Но таа набргу ја дознава агендата која ќе влијае врз целото човештво.

Брус Вилис, Џејсон Момоа и Џон Гудман ќе ве воодушеват во криминалистичката комедија Беше еднаш во Венис (Once Upon A Time In Venice) (2017).Во филмот ги следиме авантурите на приватниот детектив од Лос Анџелес, Стив Форд (Брус Вилис), кој се обидува да ја најде бандата што му го украла песот.

Американската комедија Беше еднаш во Венис(The Female Brain) (2017)се темели на истоимената книга од научничката и невропсихијатарка Луан Бризендин. Во главната улога е Софија Вергара, а филмот на интересен начин се занимава со женскиот мозок.

Музика на тишината (The Music Of Silence) (2017)e италијански биографски филм, втемелен на романот со исто име кој го напиша еден од најпознатите тенори на светот  – Андреа Бочели. Исто така Андреа се појавува во филмот како наратор, а популарниот глумец Антонио Бандерас ја има улогата на маестрото.

+ ШПАНСКА РОМАНТИЧНА МИНИ-СЕРИЈА

Скриено во нејзините очи (Lo que escondian sus ojos) (2016) е шпанска романтична кратка серија која се заснова на романот на шпанската писателка Нивес Хереро. Во траење од 80 минути, серијата има 4 епизоди и зборува за љубовната приказна помеѓу баџанакот на Франко, Рамон Серано Суњеро, министер за надворешни работи и еден од најсилните луѓе во владата на Франко, и Ланзол, маркизата која има сѐ – убавина, богатство и статус. Нивната љубовна приказна започнува во Шпанија по војната и се претвора во скандал во определени општествени кругови. Раскошно, скандалозно и љубовно!

Сите пристигнати филмови и серии гледајте ги на Pickbox!

ЗА PICKBOX УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ

Pickbox го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите преку онлајн услугата за видеа на барање и преку понудата на избрани телеком оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходна статијаGoogle започна со тестирање на навигација со проширена реалност во Google Maps
Следна статијаGoogle претстави две нови апликации за луѓето со петешкотии со слухот