„Фудбалот е едноставна игра, 22-ца луѓе трчаат по топката 90 минути, а на крајот секогаш победуваат Германците“, тоа е познатата изјава на англиската фудбалска легенда Гери Линекер од 1990 година. Сепак, сите знаеме дека не е баш толку едноставно. Има и една друга страна на фудбалот, надвор од теренот, головите, славата, тренинзите… А можете да ја погледнете веднаш, само на Pickbox!

Онаа страна од играта, која се однесува на корупцијата, местењето натпревари, купопродажбата на играчи, обложувалниците, локалните политичари и мафијата. Таа страна ќе ја гледаме во шпанската серија „Другата страна на фудбалот“ („Todo por el juego“) на режисерот Даниел Калпарсор и сценаристот Едуард Сакери. Оваа напната драма е снимена според романот „Фудбалот не е таков“, кој го напишале претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз и на шпанската Ла лига, Хавиер Теба и Педро Торенс Отина, а се заснова на вистинити ситуации кои Теба и самиот ги доживеал.

Фокусот на приказната е на Втората шпанска лига која е преполна со сплетки, па за неа повеќе се интересира светската мафија. Во центарот на вниманието е Маријано Идалго (го игра шпанскиот актер Роберто Енрикез), перспективен претприемач и навивач на „Депортиво леонс“, шпански второлигаш кој тоне поради лошото управување на претседателот на клубот, Фернанд Салдана (Педро Казабланк).

„Не го прочитав романот сѐ додека не влегов во проектов, иако ми го фалеа. Најпрво ме освои тоа што се работи за серија во која се работи за фудбалот, а отсекогаш сум се прашувал што има во тој спорт, кој поттикнува такво однесување на луѓето. Неодамна прочитав студија спроведена на португалскиот универзитет во Коимбра која докажа дека страста што ја чувствуваат фудбалските фанатици е слична на чувствата на заљубена личност. Кога навивачите слават гол или некој потег, научниците забележале дека се вклучуваат истите тие чувства. Фудбалот сублимира многу фрустрации, го носи телото во состојба во која се лачат ендорфини и навистина си како заљубен“, рече главниот актер и објасни дека серијата дава широк поглед на сите сфери од фудбалот, навивачите, управите на клубовите, тренерите, политичарите, новинарите, трговците со недвижности, кладилниците, мафијата.

„На пример, тука во Шпанија, за време на снимањето на серијата, во Втората лига открија случаи на корупција. Серијава се занимава со тематика која ни овозможува да зборуваме за спортот во кој има најблагородни и најодвратни работи. Приказната не е раскажана од гледната точка на голем клуб како што се ’Реал Мадрид‘ или ’Барселона‘ тука во Шпанија, туку зборува за второлигашки клуб кој се вика ’Депортиво леонес‘ и кој влегува во Првата лига, во град кој е прилично небитен во целата провинција. Тоа дава универзален карактер на приказната затоа што тоа може да биде кој било град и кој било клуб“, изјави Енрикез.

Какви сѐ тајни и интриги крие најпопуларниот спорт на светот и какви сѐ ниски страсти можат да ја расипат оваа игра погледнете во сите осум епизоди, веднаш на Pickbox!

Претходна статијаFacebook официјално го пушти поедноставениот Messenger 4
Следна статијаРСБСП: Употреба на светла во сообраќајот