Криминалистичко-медицинската драмска серија Анатомија на вистината (Body of Proof) со Дејна Дилејни, во улога на лекарката Меган Хант, пристига на Pickbox. Сите три сезони пристигаат на 1 април, што е супер нешто за сите што сакаат да гледаат повеќе епизоди во една вечер.

МИСТЕРИИ И СУПЕР ЛИКОВИ

Приказната за интелигентната лекарка Меган Хант (Дејна Дилејни), која по автомобилска несреќа не може да ја продолжи кариерата во неврохирургијата, туку станува медицински иследник, ги освојува гледачите уште со првата епизода. Хант е темпераментна но и емпатична работохоличарка, со која е вистинско уживање да се решаваат злосторства. Мистерии, форензика, криминалистика и интересни случаи, од епизода до епизода создаваат интересна приказна, врамена со супер ликови.

Со Меган тука е и лекарката Кејт Марфи, играна од одличната Џери Рајан, а неа ја познаваме уште откако ја играше Седум од Девет во популарната СФ серија Ѕвездени патеки (Star Trek). Најмладиот член на екипата во бирото на медицинскиот иследник е ентузијастичкиот Итан Грос, којшто играше и во политичката драма Државна секретарка (Madam Secretary).

НАУКАТА Е ВИСТИНСКА

За љубителите на криминалистичките серии, Анатомија на вистината би можела да биде вистинско уживање. Имено, при снимањето на серијата, на ТВ-сетот биле присутни технички советници, чија задача била да се обезбеди точност на сите медицински процеси и на научната терминологија, истакнала актерката Џери Рајан. Се внимавало на секој детаљ, со цел научните методи користени во серијата да бидат правилни и реалистични.

Дружете се со лекарката Меган Хант од 1 април на Pickbox, во криминалистичката серија Анатомија на вистината и решавајте ги мистериите од епизода во епизода.


ЗА PICKBOX УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ

Pickbox го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите преку онлајн услугата за видеа на барање и преку понудата на избрани телеком оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходна статијаОбјавен Конкурсот за стипендии на Семос Академијата за графички и веб дизајн
Следна статијаОд што се направени модерните смартфони ?